ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Положани: Понудата на Владата за зголемување на плати од 10% е повеќе од реална

April 18, 2022 16:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Познато е дека платите во нашата земја се една од најниските во регионот , а да не зборуваме во поширок контекст. Исто така платите на наставниот кадар на сите нивоа кај нас се најниски, вели во разговор за „Локално“ поранешниот министер за образование Азис Положани.

– Нивото на платите загрижува бидејќи сакале или не тоа веќе директно се одразува на квалиетот на наставата, документирани и со меѓународни инструменти. Но, од друга страна како социјално одговорни граѓани ние не можеме, а да не ја земеме во предвид и многу неповолната економска ситуација која делумно е таква поради нискиот продуктивитет на стопанството, но воглавном поради, присутните кризни состојби кои во најголем случај не зависат од нас (пандемија, енергетска криза, војна во Украина). Според мене тоа значи дека со еден порацинален и по визионерско размислување, ефектите на овие кризи би биле баш такви, напротив некои од нив сигурно би биле по благи, а и по прифатливи од граѓаните. Но, сега сите ние се соочуваме со ова ситуација за која сите треба одговорно да размислиме и одговорно да делуваме, вели Полижани.

Според него понудата на Владата за зголемување на платата за 2500 денари месечно е реална.

– Во овој контекст, во мислам дека понудата на Владата за зголемување на платите од 10% е повеќе од реална но, имајќи го предвид брзиот пад на стандардот на граѓаните, Владата треба да земе обврска да биде консеквентна и во одење да ја разгледа и да донесе соодветни решенаија за зачувување на стандардот на наставниците согласно законот и Колективниот договор, смета поранешниот министер.

Тој вели дека сите мора да покажат повисока општествена свест но, не само за поптребата од повисоки плати, туку и за обврската кон учениците, студентите, нивните родители, а и економијата бидејќи сето тоа е поврзано.

– Во исто време треба да се сфати и потребата од поквалитено образование на сите нивоа. Платите биле мали или големи се печалат од тие што им треба образование и компетенти кадри и работници, заклучува Положани.

Поранешниот министер смета дека и без да продолжи штрајкот децата од предучилишна возраст, учениците, студнетите, а и наставниците во ови две-три години доста изгубиле.

– Оттука продолжувањето на штрајкот во услови кога веќе им е дадено 10% покачување, во дадениот момент, го ценам како неодговорен и неприфатлив чин. Јас верувам дека по разговорите на членството со синдикатот ќе се подигне нивото на општествена одговорност и ќе се прекине штрајкот, вели Положани.

СОНК ја одби понудата на Владата за зголемување на платите од 10 отсто или просечно по 2500 денари месечно и одлучи да го продолжи штрајкот. Од Владата вчера преку соопштение реагираа дека нивниот потег го „загрозил образовниот процес, но и училишната година“.

Next Post

Клоп пред дуелот со Јунајтед: Нашите клубови се меѓу најголемите во светот, натпреварот е неверојатно важен за двата тима

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk