ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Чупеска: Децата се залог во штрајкот, трета година се вон редовен образовен процес

Владата направи сериозен напор да во време на криза индуцирана од глобалните случувања, успеа да понуди решение. Тоа треба да се признае, и да се уважи, вели Чупеска

April 19, 2022 12:48
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Проф. д-р. Ана Чупеска. Фото: лична архива

Проф. д-р. Ана Чупеска. Фото: лична архива

Share on FacebookShare on Twitter

Политикологот проф. д-р. Ана Чупеска во изјава за ФРОНТЛАЈН во врска со штрајкот на СОНК и понудените решенија од Владата, истакнува дека Владата направила сериозен напор и успеала да понуди решение.

„Мислам дека владата направи сериозен напор да во време на криза индуцирана од глобалните случувања, успеа да понуди решение. Тоа треба да се признае, и да се уважи. Воедно, за мене загрижвачка е состбата со децата, кои веќе трета година се вон редовен образовен процес. Тоа ќе има далекусежни последици. Не е во ред да се ставаат во залог дечињата, дополнително, што јавна тајна е дека некои од наставниците им сугерираат на родителите воопшто да не ги носат на училиште децата. Тоа е непримерно да се случува“, вели проф. д-р Ана Чупеска, за штрајкот на СОНК.

Чупеска нагласува дека овој пат интересите на децата не се земаат во предвид.

„Уште повеќе што, кога се носат јавните одлуки, вклучуваќи ги и овие, секогаш приоритет им се дава на интересите на децата. Тоа е основен критериум. Жалам, што добивам впечаток дека овој пат интересите на децата не се земаат во предвид, напротив“, вели Чупеска.

Наставничка и професор кои сакаа да останат анонимни, во изјави за Фронтлајн велат дека во образованието се игра политичка игра и дека треба да се прифати предлогот на Владата за зголемувањето на платите.

„Како вработена во образованието години наназад, мислам дека се играт политички игри на наш грб и на гроб на учениците. После две години сериозни пречки за организиране на нормална настава заради пандемијата, сметам дека со ова правиме дополнителна штета на учениците, држејќи ги повторно надвор од клупите. Во овие моменти на криза зголемувањето на платите од 10% сметам дека е реално и истото треба да биде прифатено од страна на синдикатот“, истакнува наставничката од Кавадарци.

Професор од Кавадарци вели, дека одредени колеги, интересот на партијата го ставаат пред интересот на децата. Прво имал дилеми, но сега е сосема јасно дека штрајкот на СОНК е политички мотивиран, вели професорот.

„Ако до вчера имавме одредени дилеми во однос на штрајкот, дали е политички мотивиран или не, денес е сосем јасно. Ако целта на штрајкот беше повисока плата, истата еве ја добивме. Во криза глобална прифати Владата зголемување на платата од 10%. Ние како професори имаме одговорност и обврска спрема учениците, да им овозможиме нормален образовен процес. Наместо тоа одредени колеги, интересот на партијата го ставаат пред интересот на децата“, рече професорот.

Тој во изјавата за Фронтлајн, потенцира дека штрајкот треба да заврши, да се прифати зголемувањето на платата и образовниот процес да продолжи и понатаму нормално да се одвива.

Ј. Ѓорѓиоски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

Човечноста не се мери во изборни резултати

July 18, 2025

Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk