ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Плати, работнички права или политика – децата без редовен образовен процес

April 19, 2022 18:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
acpsk12.org

acpsk12.org

Седми пропуштен училишен ден. Решение засега нема. Кој ќе попушти прв? Штрајкот е во тек, а уште нема ниту решение за обработување на пропуштениот материјал.  Политикологот проф. д-р. Ана Чупеска на прашањето дали владинатат понуда од 10 отстотно покачување на платите во образованието е добра, во разговор за ФРОНТЛАЈН вели Владата направила сериозен напор и понудила решение.

„Мислам дека владата направи сериозен напор да во време на криза индуцирана од глобалните случувања, успеа да понуди решение. Тоа треба да се признае, и да се уважи. За мене,  загрижвачка е состбата со децата, кои веќе трета година се вон редовен образовен процес. Тоа ќе има далекусежни последици. Не е во ред да се ставаат во залог дечињата, дополнително, што јавна тајна е дека некои од наставниците им сугерираат на родителите воопшто да не ги носат на училиште децата. Тоа е непримерно да се случува“, вели проф. д-р Ана Чупеска, за штрајкот на СОНК.

Чупеска нагласува дека овој пат интересите на децата не се земаат во предвид.

„Уште повеќе што, кога се носат јавните одлуки, вклучуваќи ги и овие, секогаш приоритет им се дава на интересите на децата. Тоа е основен критериум. Жалам, што добивам впечаток дека овој пат интересите на децата не се земаат во предвид, напротив“, вели Чупеска.

 

Проф. д-р. Ана Чупеска. Фото: лична архива

Професор од Кавадарци вели дека прво имал дилеми, но сега е сосема јасно дека штрајкот на СОНК е политички мотивиран, вели професорот. Според него, штрајкот треба да заврши и да се прифати зголемувањето на платата.

„Ако до вчера имавме одредени дилеми во однос на штрајкот, дали е политички мотивиран или не, денес е сосем јасно. Ако целта на штрајкот беше повисока плата, истата еве ја добивме. Во криза глобална прифати Владата зголемување на платата од 10%. Ние како професори имаме одговорност и обврска спрема учениците, да им овозможиме нормален образовен процес. Наместо тоа одредени колеги, интересот на партијата го ставаат пред интересот на децата“, рече професорот.

Наставникот Небојша Арсиќ се согласува дека секој вработен, од било кој сектор, треба да се бори за своите права и за повисоки примања. Но тој вели и дека во последниот, актуелен штрајк зачудувачко е одбивањето на понуденото од Владата и тоа личи како штрајкот да е подгреан од опозицијата.

Да не бидам тенденциозен, ама, ми личи како да е подгреан од политичката опозиција. Ваквиот уценувачки пристап во образованието и градинките не паметам дека сме имале. Ние како фела сме давачи на услуги. Во Законот за работни односи и Колективниот договор децидно стои дека за време на штрајк, училиштето исплаќа придонеси а плата треба да исплати организаторот на штрајкот односно во случајов СОНК. Дали СОНК им го кажал овој член од законот на своите поддржувачи, мислам дека не. И тоа е крајно несериозно“, вели Арсиќ.

Тој потсетува дека тогаш власта на ВМРО-ДПМНЕ со притисоци и заплашувања го згаснала штрајкот, а во тоа време основицата во образованието и градинките била нецели 19.000 денари.

Небојша Арсиќ. Фото: лична архива

После тој штрајк имаше напуштање на голем број членови од СОНК. Тогаш се внесоа и апсурдните членови во Законот за образование каде тој предвидува заменски наставници. Во тоа време мора да се напомене дека не постоеше ниту една било каква криза и немаше ниту една причина зошто платата во образованието и згрижувачките центри- градинките, да не се покачат. Тогаш основицата беше нецели 19.000 денари. Односно за цели 11 години власт на ВМРО-ДПМНЕ платата се покачи вкупно само 1.800 денари“, потсетува Арсиќ.

Прогресивен синдикат на образованието

Влатко Секулоски од Прогресивниот синдикат на образованието за ФРОНТЛАЈН вели дека ги разбираа колегите коишто бараат повисоки плати, бидеќки со инфлацијата на светско ниво, платите стануваат помалку вредни, а стандардот понизок. Но. вели, но не го разбира раководството на СОНК.

„Одлуката за генерален штрајк беше донесена во потесен круг на раководството, не знам кое тело и во колкав состав, но секој еден член не беше прашан дали е за штрајк. После „усната“ понуда од владата, раководството на СОНК реши да го праша секој еден штрјкуваш дали ја прифаќа понудата. Останува нејасно дали демократијата во СОНК е редовна пракса или алатка зад која се затскрива раководството?“, вели Секулоски.

Околу транспарентноста на СОНК со членовите, Секулоски го поставува прашањето дали тајноста на трошењата создава вистински синдикализам или елити кои си служат првенствено самите себе.

„Не можам да ја заобиколам мојата омилена тема – транспарентноста. Секој еден член што беше прашан за тоа дали 10% е доволно зголемување на неговата плата не знае колку од таа иста плата СОНК исплаќа за плати, службени ручеци и патувања на раководството и хонорари на регионалните претставници. Тоа е сепак тема за разговор меѓу членовите и раководството на СОНК, јас можам само да опсервирам. Во поширок контекст прашање е дали тајноста на трошењата создава вистински синдикализам или елити кои си служат првенствено самите себе, ова прашање е посебно валидно ако се има предвид начинот на кој што се изведе последниот реизбор на раководството на СОНК, за којшто нема да елаборирам во детали“, истакнува Секуловски.

Влатко Секулоски, Прогресивен синдикат на образованието. Фото: лична архива

Секуловски вели дека СОНК иако поминале осум години, и сите правни служби со прст не мрднале да ги оспорат „заменски наставници“.

„Во контекст на штрајкот не може да се заобиколи и темата за заменски наставници. За нејзиното донесување и неукинување може да покажуваме со прст кон повеќе политички гарнитури, но да ја видиме улогата на СОНК. Во времето кога се воведоа тн. „заменски наставници“. СОНК не се сеќавам дека истото ова раководство на СОНК мрдна со прст против „заменските наставници“. Поминаа повеќе од осум години и СОНК со сите сови правни служби не ни проба да ги оспори „заменските наставници“ пред уставниот суд,. Зошто постојат само „заменски наставници“, а не и заменски пожарникари, полицајци, лекари, административци…? – Прашајте во СОНК!“, дециден е Секулоски.

Реакции од МОН и МТСП 

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска повторно ги повика наставниците да ја разгледаат одлуката за прекин на наставата, да ја имаат предвид понудата за покачување на платите од 10 отсто и економската состојба во која се наоѓа државата и да ги повикаат учениците во училиштата. Рече и дека денеска имал комуникација со претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Во ниту една ситуација не сум обвинувал никого како министер, но што се однесува до образовниот процес сакам што побрзо да продолжи, и утре. За оваа значајна тема ние може со претставници на СОНК и неговиот Совет секој ден да ги продолжиме преговорите, но не сакам последици да има образовниот процес. На пресот на СОНК се кажа дека членовите и дел од координаторите на СОНК во нивната комуникација кажале дека 95 отсто не прифаќаат 10 проценти покачување, а 5 проценти прифаќаат. Ако се вратиме наназад во годините, овие 10 отсто се највисок процент  за покачување на платите во основното и средното образование. Но пак кажувам, не застануваме тука, имаме простор за дискусија, но секогаш да се има предвид дека овој процент во овој момент е во една многу друга ситуација зашто во претходните години немало ваква економска криза, изјави Шаќири за медиумите по отворањето тркалезна маса за унапредување на правата на децата со попречености.

Според Шаќири, СОНК треба да спроведе друг начин на штрајк зашто кога го најавил до МОН тековниот, не известил дека настава нема да се одржува.

Минстерката за труд и социјална работа, Јованка Тренчевска, за Утрински брифинг рече дека е оочигледно е дека на СОНК им се важни само парите. Дека оттаму не зборуваат за унапредување на правата на вработените, за условите за работа, кариерен развој и т.н. и дека на средбите со синдикатот единствено за што се зборуваше беше усогласувањето на платите со минималната плата.

Член 240 го дава правото на штрајк, а член 241 се однесува на тоа дека синдикатот треба да исплати плата. Ова е штрајк за барање унапредување на работничките права. Со одлуката за штрајк СОНК се повикува на усогласувањето со минималната плата, а законот за минимална плата има рок од шест месеци за усогласување, вели Тренчевска.

Таа додава дека од вработените во градинките се барало да се води евиденција кој штрајкува за работодавачот т.е. државата да може да им исплати плата на оние кои редоно оделе на работа, а другите треба да ја побараат платата од СОНК.

Претставки од родители до Народниот правобранител

Омбудсманот Насер Зибери, денеска изјави дека до неговата канцеларија пристигнале неколку поплаки и претставки од родители кои реагирале во врска со неможноста нивните деца да посетуваат настава поради штрајкот на СОНК.

Во случај на судир на две со Уставот загарантирани права, предност имаат детските….Има поплаки од родители зошто не се во можност да ги упатуваат децата во воспитно-образовниот процес, особено во предучилишните установи. Најдобра илустрација е претставката која почнува: Почитуван правобранител, сакам да кажам дека целосно го поддржувам штрајкот на наставниците, а продолжува со „ве молам преземете мерки“ наставниот процес да продолжи“,  рече Зибери.

Народниот правобранител потенцираше дека претставките од родителите се за прекинот во образовниот процес, а ниту една претставка за попречување на штрајкот.

И. Т. З. 

Next Post

Априлските пензии ќе започнат да се исплаќаат на 26 април

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk