На интернет се појави видео со прекрасна Украинка која работи како стрелец во самоодно артилериско возило. Според Censor.NET, повеќе информации за неа се објавени на официјалната Фејсбук страница на 58-та одделна моторизирана пешадиска бригада со назив „Иван Виговски“, пренесува antikor.com.ua.
„Сите го видоа видеото каде девојката стрела од оклопното возило, но не сите знаат дека тоа е Татјана од бригадата на Виховски, поранешна слаткарка во цивилниот живот.
Во редовите на вооружените сили е од 2017 г. Таа служела прво во медицинската единица, потоа во ракетна батерија а сега е во одделот за самоодни оклопни возила.
Кога отишла на обука за стрелец во самоодно артилериско возило., таа била единствената девојка во дивизијата за обука во Немиров. Во февруари оваа година, таа планираше да оди на обука за да биде командант на артилерија, но се покажа дека е попотребно да го испече непријателот. Како што можете да видите, Тања заврши одлична работа“, се вели во извештајот.
Превод: Жорж Димовски