ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Решението кое ќе го најдеме со ССМ ќе е системско и солидарно за сите

April 22, 2022 13:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Вчера ги започнавме преговорите за изготвување на нов Општ колективен договор за сите вработени во јавниот сектор. Имаме предлог на линеарно покачување од 2.806 денари за сите вработени во јавниот сектор. Предлог да вратиме едно право кое е изгубено со потпишување на ОКД за јавниот сектор во 2008 година а тоа е правото на исплата на регрес за годишен одмор за СИТЕ вработени во јавниот сектор!

Решението кое ќе го најдеме ќе е системско и солидарно за сите, пишува во објавата Битиќи.

Од Владата вчера соопштија дека на состанокот со репрезентативниот синдикат за постигнување на нов општ колективен договор за јавниот сектор, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) претставен од претседателот Дарко Димовски беше утврдена рамката на преговорите која во оваа фаза го опфаќа усогласувањето на платите за линеарно зголемување за 2.806 денари нето (или 4.333 денари бруто) за сите во јавниот сектор.

Втора точка во рамката за преговори за новиот општ колективен договор е враќањето на регресот за годишен одмор (К-15) за целиот јавен сектор во 2023 година.

На состанокот партнерите на социјалниот дијалог се договорија во новиот општ колективен договор да се вклучи и утврдување на нова методологија за пресметка на платите со која ќе се обезбеди редовна корекција на платите според критериуми кои дополнително треба да бидат утврдени.

Владата и ССМ, како што соопштија, се договорија за максимална вклученост на синдикалната организација во процесот за реформи во јавниот сектор кој опфаќа оптимизација и рационализација, како и заедничко дизајнирање на нов закон за плати во јавниот сектор кој ќе треба да се применува од 1 јануари 2023 година.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи на состанокот истакна дека оваа иницијатива на Владата е да се најде институционален начин за редовно усогласување на платите во јавниот сектор низ социјален дијалог од кој, како во случајот со минималната плата и пензиите, донесе резултат кој беше оценет како историски и кој ќе се однесува на сите 133.700 вработени во јавниот сектор.

Ј. Ѓ.

 

 

Next Post

Кулеба заминал од Софија разочаран. Му рекле дека не можат да и помогнат на Украина оти се братски народ со Русија

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk