Први настрадаа оние кои тврдеа дека „предводникот на руската Црноморска флота“ е подготвен да одбие воздушни напади, пишува Defence-ua.
Највисокото воено раководство на Русија активно „ги бара одговорните“ за загубата на предводникот на руската Црноморска флота, кој беше уништен од украинските крстосувачки ракети „Нептун“.
Како што дознава „Дифенс експрес“ од свои извори, по уништувањето на ракетниот крстосувач „Москва“ бил отстранет од функцијата и уапсен командантот на руската Црноморска флота, адмирал Игор Осипов.
По погодувањето на Крстосувачот „Москва“ со ракетите „Нептун“ се гледа хаотична работа на системите за гасење пожар, фотографија од отворени извори
Русија има „прашања“ и за началникот на Генералштабот – првиот заменик командант на руската црноморска флота вицеадмирал Сергеј Пинчук – тој моментално е под истрага. Во исто време за вршител на должноста командант на Црноморската флота е назначен вицеадмирал Аркадиј Романов (заменик командант на Црноморската флота).
Ќе потсетиме дека адмиралот Игор Осипов е автор на оваа фраза: „Ракетниот крстосувач Москва е предводник на Црноморската флота, на… Црноморската флота не може да постои без предводник. Јас не би бил Командант на флота ако немав предводник.” Оваа фраза се покажа како пророчка за него – нема предводник, тогаш нема да има командант. Покрај тоа, има уште една интересна нијанса – пред почетокот на војната меѓу Русија и Украина, руските медиуми објавија дека Осипов лично ја тестирал способноста на крстосувачот „Москва“ да одбие воздушни напади и бил задоволен.
Па, испадна дека е тоа големо промашување со последица потонување на “Москва“ на дното на Црното Море.
Претходно „Дифенс експрес“ соопшти дека Русија не може да го прифати губењето на својот „предводник на руската Црноморска флота“ и дека спроведува „операција за пребарување и спасување“ на местото на потопувањето на крстосувачот „Москва“.
Превод: Жорж Димовски