ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Говедото“ Радко заразил и други млади „говеда“ кои сега преживаат по македонските улици

April 22, 2022 08:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

По скандалот и провокацијата со отворање на клубот „Ванчо Михајлов„ во Битола, јас сега ја разбирам Македонија како бавча за орање на разно-разни служби на државна бебедност, како и да се викаат сега.

Овие „длабоки држави“, иако доаѓаат од различни географски ширини, фактички имаат иста историска должина на координираност коа станува збор за тоа како Македонија – да не ја биде. Но тие не би биле успешни во тоа без домашните квислинзи и предавници. Еден од нив е и Ванчо Михајлов кој Македонците ги нарекуваше говеда и кој жали што ни ги бугаризирал.

Ете на пример, „Говедото“ Ванчо Михајлов, одамна не гази по оваа македонска земја, но изгледа во нечистотијата на неговата врховистичка „штала“, заразил и друга, помлада „стока“, која и сега шета по улиците на македонските градови, и го прежива она што тој на времето го јадеше. Овие млади „јунци“ одвај чекаат некоја политичка провокација и како на „дерби“ политичка утакмица, трчаат да фатат добра позиција, намерно преоблечени во дресови на „оној другиот“, за да урлаат од трибините, неразбирливо за кого, или против кого всушност, навиваат. За нив е важно што посилно да викаат, обвинувајќи го судијата, организаторот на мечот, па дури и родениот „Татко“, само за некој да не ги препознае дека всушност тие се кумови на провокацијата, наречена „Радко“.

Овој одроден Македонец, Ванчо, слуга на бугарскиот „двор“, сега, застанат рамо до рамо до своите жртви, „восочно“ во брк им се смешка на оние кои ги прогонуваше или ги убиваше, благодарение на оние кои „наивно“, музејски го рехабилитираа, како „жртва на комунизмот“!

Сега најдени во небрано, го плукаат „фашист, фашист“, и „хемиски“ се чистат од него, надевајќи се дека восокот ќе се стопи и јавноста ќе заборави дека токму Никола Груевски со своите први сопартијци, го величеше како легенда меѓу другите негови соселани.

Но, ете, времето ти е како вода,  сè тече сè се менува. Затоа има обиди сè да се испреврти. Некогаш „докажаните бугараши“, сега фрлаат дрва и камења по Бугарите! Нешто нелогично се случува, нели. А  можеби овие „докажани бугараши“, и не биле витински тоа. Ете на пример нивниот прв претседател и прв прогласен за „бугараш“, Љубчо Георгиевски, не еднаш искоментирал дека неговите наследнници од ВМРО-ДПМНЕ повеќе му личат за просрпски настроени, одошто пробугарски. Оди сега фати им го крајот. Значи т.н. бугараши се у ствари србомани кои понекогаш (по потреба) се претставуваат како бугараши, а вистинските бугараши се всушност Македонци со бугарско самочувство, односо се Бугари заглавени во Македонија, која е пак бугарска држава во која живеат Македонци кои не се свесни дека се Бугари, ама под влијание на Тито и српската пропаганда станале србомани.

И сега во ваква етничко-политичка какафонија се појавува некој си Љупчо Ѓорѓиевски од Битола, кој отвора клуб под името Ванчо Михајлов на кое ги кани првите Бугари на Бугарија. Тие доаѓаат и прават растур.

Сè потоа, е она од пред тоа.


Текстот е личек став на Авторот. Сите права се задржани
Next Post

МЖСПП: Заедно, мораме да инвестираме во нашата планета, затоа што зелената иднина е просперитетна иднина

НАЈНОВО

Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

October 30, 2025

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 е признание за економската неспособност на Владата

October 30, 2025

„Гунвор Груп“ го презема меѓународниот бизинс на „Лукоил“

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk