Русија се обидува да дојде до проектилите и тајните документи од потопената “Москва“. Ова го објави германскиот весник Билд, информира УНН.
Подетално се наведува дека на местото каде што потона рускиот крстосувач „Москва“ работи специјален спасувачки брод „Комуна“. Овој брод е направен во 1912 година и се смета за еден од најстарите воени бродови во руската морнарица.
Поради големината на „Москва“ (должина 187 метри), 110-годишната „Комуна“ најверојатно нема да може целосно да го подигне потонатиот крстосувач од длабочините. Но, ќе има обиди да се спасат противбродските и противвоздушните ракети со кои бил опремен бродот, како и тајните документи и воената опрема.
На 13 април, шефот на обласната администрација на Одеса, Максим Марченко, рече дека ракетниот крстосувач „Москва“ отишол токму „таму каде што го испратиле украинските граничари на Змискоит остров“. Според него, ракетите Нептун кои го чуваат Црното Море му нанеле многу сериозна штета на рускиот брод.
Информацијата дека „Москва“ е во пламен ја потврди и руското Министерство за одбрана. Наводно, бродот бил многу оштетен, а екипажот го напуштил бродот. Потоа, обласната команда „Југ“ извести дека крстосувачот „Москва“ се превртел и почнал да тоне откако вооружените сили го погодиле со проектили.
Во вечерните часови на 14 април руското Министерство за одбрана призна дека крстосувачот „Москва“ потонал.
Превод: Жорж Димовски