ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Митрески: Крвавиот четврток е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, нема да дозволиме никогаш да се повтори

Наместо храм на демократијата Собранието го претворија во бојно поле. Заради лични и партиски интереси на тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ за спас од криминалот и за спас на режимот, државата на тој 27 април беше доведена на работ на амбисот, пред граѓанска војна, изјави Митрески.

April 27, 2022 12:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пет години после 27 април сите ние имаме обврска пред граѓаните на оваа земја, пред сите оние кои го преживеаа тој крвав ден и пред идните генерации да не дозволиме никогаш повеќе да се повтори. А нема да се повтори само ако сите политички субјекти во земјава, не само декларативно, туку суштински, се обединат зад демократските и слободарски вредности. 27 април 2017 е еден од најцрните датуми во историјата на македонската демократија и македонското општество, изјави на денешната прес-конференција Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

„За да спречат промена на власта и почитување на изборната волја на граѓаните, вооружени насилници поттикнати и злоупотребени од ВМРО-ДПМНЕ насилно упаднаа во Собранието во обид да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби.

Наместо храм на демократијата Собранието го претворија во бојно поле. Заради лични и партиски интереси на тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ за спас од криминалот и за спас на режимот, државата на тој 27 април беше доведена на работ на амбисот, пред граѓанска војна.

Крвавиот четврток е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, а во оваа партија ниту по пет години нема никаква промена.

Ниту еднаш за овие пет години не видовме никакво извинување, никакво каење од Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Напротив, лицата кои се осудени за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок“ ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски иако не се тие ги нарекуваат уставобранители, правејќи лажен обид да ја исперат нечистата совест пред нив и нивните семејства.

Почитувани граѓани,

Пет години подоцна од држава на раб на граѓанска војна, денес сме демократска држава членка на НАТО, пријател и сојузник со соседите и демократскиот свет.

СДСМ и парламентарното мнозинство, никогаш нема да дозволи да се заборави 27 април.

Заедно со граѓаните нема да дозволиме никогаш да се повтори ваков срамен и трагичен настан во македонската демократија“, рече Митрески.

Next Post

Спасовски: Во првите 100 дена исклучителни резултати во сообраќајната безбедност, борбата со трговијата со дрога и опремувањето на полицијата

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk