ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Европска недела на имунизација – одбележување на напредокот и на потенцијалот на вакцините за овозможување квалитетен долг живот

Нема сомневање дека имунизацијата придонесува за здраво население. Додека работевме на заштита на нашето население од Ковид-19, опфатот со редовните вакцини падна под оптималното ниво. Нашата тенденција е да го постигнеме препорачаниот опфат од 95 проценти, за таа цел во соработка со здравствените домови почнуваме со засилена теренска работа за повикување на пропуштените деца за вакцинација. Треба да се искористи секоја можност за вакцинирање на децата и возрасните, согласно Календарот за редовна имунизација, изјави д-р Беким Сали, министер за здравство.

April 28, 2022 09:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Европската недела на имунизација, што секоја година традиционално се одбележува од 24-ти до 30ти април, 2022 година е поволен момент да размислиме за важноста на вакцинацијата, како еден од темелите на функционален јавно здравствен систем. Оваа година, Европската недела на имунизација  ги истакнува историските постигнувања на вакцинацијата, вклучувајќи го и напредокот кон глобалната ерадикација на полиото и регионалната елиминација на малите сипаници и рубеолата, како и потенцијалите за уште поголеми достигнувања, како на пример ставањето под контрола на Хепатит Б и елиминацијата на ракот на грлото на матката. Спасените стотици илјади животи преку вакцинацијата против КОВИД-19 – и тоа само во европскиот регион на СЗО – се исто така причина за прослава.

-Нема сомневање дека имунизацијата придонесува за здраво население. Додека работевме на заштита на нашето население од Ковид-19, опфатот со редовните вакцини падна под оптималното ниво. Нашата тенденција е да го постигнеме препорачаниот опфат од 95 проценти, за таа цел во соработка со здравствените домови почнуваме со засилена теренска работа за повикување на пропуштените деца за вакцинација. Треба да се искористи секоја можност за вакцинирање на децата и возрасните, согласно Календарот за редовна имунизација, изјави д-р Беким Сали, министер за здравство.

Пандемијата на КОВИД-19  погоди многу земји ширум светот, а последици се почувствуваа, меѓу другото и во областа на имунизацијата. Во Северна Македонија, СЗО и УНИЦЕФ соработуваа со здравствените власти на државата и партнерите на спроведување вакцинација против КОВИД-19 во сите делови од државата и за сите групи од населението. До денес, 46,5 % од граѓаните на Северна Македонија имаат примено две дози вакцини против КОВИД-19, а само 8,4% имаат примено и трета доза.

Европската недела на имунизација е одлична можност да им се заблагодариме на сите здравствени работници кои неуморно работеа за да ги заштитат другите преку вакцинација. Овие напори нема да прекинат сè додека сите кои исполнуваат услови да бидат вакцинирани не бидат целосно заштитени, а особено сè уште невакцинираните постари лица кои, впрочем, се најранливата категорија граѓани од аспект на заболување од тешка форма на болеста.

-Вакцините се од огромна важност во нашата историја, а особено во последните години заради пандемијата. Тие нè штитат како поединци и ни помагаат да се заштитиме едни со други како припадници на глобалната заедница. Европската недела на имунизација, годинава, се одбележува под мотото „Долг живот за сите”, има за цел да истакне колку е важен правичниот и поширок пристап до вакцини, со што ќе се придонесе кон долг и здрав живот за секого, изјави д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО и в.д. шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје.

Иако услугите за рутинска имунизација беа достапни за време на пандемијата КОВИД-19, имаше одредени проблеми што придонесоа за намалени стапки кај редовните вакцини за деца во текот на 2020 година. Просечните вредности на национално ниво во 2021 година покажуваат одредени подобрувања во споредба со 2020 година, но процентите од 70,4 опфат со вакцинација на национално ниво за мали сипаници, рубеола и заушки (МРП1) за децата на возраст од 12 месеци и 80,4 (МРП2) ревакцинација се сè уште далеку од посакуваната бројка од 95% која е потребна за стекнување колективен имунитет.

Next Post

Могерини: Во интерес на ЕУ е неодложно започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk