ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

(ВИДЕО) Петровски: Арсовска требаше да распише референдум за БРТ проектот, а не за Ќосето

April 30, 2022 10:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за ФРОНТЛАЈН со Бојан Петровски, член на извршен одбор на ДОМ и претседател на Општинската организација на Демократската Обнова на Македонија – Ѓорче Петров, разговаравме за актуелните политички теми во Скопје и државата.

Петровски во врска со најавата на градоначалничката Арсовска за повторно поставување на споменикот на Андон Ќосето, изјави дека градоначалничката дава чудни изјави во период кога имаме енергетска и глобална криза да се трошат парите на граѓаните на референдум, а во спротивно градоначалничката бара помош од Владата во делот за енергетиката.

За штрајкот на СОНК, Петровски вели дека наставниците треба да излезат во пресрет на учениците и да се заврши оваа учебна година, навреме да се заврши матурата за да можат и матурантите да се запишат на факултет.

Петровски истакна дека градоначалничката дава чудни изјави каде што вели дека два месеци целата администрација или дел од администрацијата заедно со градоначалничката потрошиле цели два месеци за да пронајдат споменик.

Чудни се некои изјави на градоначалничката Арсовска дека дел од администрацијата заедно со градоначалничката потрошиле цели два месеци за да пронајдат споменик. Во период кога Скопјани бараат повеќе зеленило, кога градот се соочува со урбан хаос, кога урбаниот хаос владее во градот , исто како и сообраќајниот хаос. Градоначалничката даде една чудна изјава во која што вели дека два месеци целата администрација или дел од администрацијата барала споменик и го нашле споменикот, рече Петровски.

Во период кога имаме енергетска и глобална криза да се трошат парите на граѓаните на референдум, а во спротивно градоначалничката бара помош од Владата во делот за енергетиката, потенцираше Петровски.

Уште почудна е изјавата дека градоначалничката планира да распише референдум, да ги праша скопјани дали сакаат да се врати споменикот на локацијата од каде што беше тргнат, поради правни причини. Во период кога имаме енергетска криза, во период кога имаме глобална криза, да ги трошиме парите на граѓаните на референдум кој што би чинел приближно на едни помали локални изброи, навистина е чудно. Во спротивно градоначалничката бара помош од Владата во делот за енергетиката. Вели дека на општините и на градот им се огромни сметките и дека е потребна поголема помош од Владата во однос на покривање на високите сметки за струја, рече Петровски.

Арсовска требаше да распише референдум многу порано, кога го прекина БРТ проектот, кој беше одобрен не само од градот, државата и Владата, туку на многу повисоко ниво, изјави Петровски.

Ако се прашувам јас лично можеби референдум требаше многу порано да се распише, кога градоначалничката го прекина БРТ проектот. Тој проект не беше одобрен само од градот, од државата и од Владата, туку и на многу повисоко ниво. Институциите беа согласни дека треба унапредување и модернизирање на јавниот транспорт кој што сега се наоѓа во една не толку добра состојба. Младите секојдневно се соочуваат со нехигена во автобусите, нередовни автобуси. Сведоци сме и дека автобусите не се техничко исправни, рече Петровски.

Петровски истакна дека на скопјани им е потребен нов Генерален урбанистички план, а не споменик. План со кој што ќе се реши урбаното „дивеење“ во градот.

Мене доколку ме прашате на скопјани не им е потребен споменик, потребни им се паркови, зелени површини кои што гледаме дека секојдневно се уништуваат, а на нивно место никнуваат згради. Потребен е нов Генерален урбанистички план, а не споменик. План со кој што ќе се реши урбаното „дивеење“ во градот. На градот му се потребни велосипедски патеки, каде што младите луѓе, но и сите граѓани можат да го користат велосипедот за секојдневно превозно средство до посакуваната дестинација, би било брзо и ефикасно.

Сега не е време, ни место, најмалце за референдум, посебно не за враќањето на споменикот на Ќосето бидејќи може на сите тие локации каде што се планирани споменици да се стават нови зелени површини, изјави Петровски.

Граѓаните можеби посакуваат и бесплатен јавен транспорт како што беше најавено во кампањата на градоначалничката, но тоа нели сега останува на работата на градот. Директно да одговорам мислам дека сега не е време, ни место, најмалце за референдум, посебно не за враќањето на споменикот бидејќи може на сите тие локации каде што се планирани споменици да се стават нови зелени површини за кои што скопјани би биле повеќе задоволни, рече Петровски.

Во период кога владее криза и цените на производите се покачуваат секојдневно, нормално е граѓаните да бараат повеќе прилив на средства во своите домаќинства изјави Петровски.

Граѓанско и уставно право е наставниците и професорите, било кој граѓанин да протестира во барање на своите права. Едно од тие права е и покачувањето на платата. Во период кога владее криза и цените на производите се покачуваат секојдневно, нормално е граѓаните да бараат повеќе прилив на средства во своите домаќинства, во своите домови. Апсолутно поддржувам синдикати, тоа ми е мене идеолошки, центар лево сум по идеологија и сосема природно е да поддржувам синдикати и права на работници.

Петровски потенцираше дека наставниците треба да излезат во пресрет на учениците и да се заврши оваа учебна година, навреме да се заврши матурата за да можат и матурантите да се запишат на факултет.

Работничките права се човекови права, така што во секое време поддржувам протести на работници кои ги бараат своите права. Имено како што изјави премиерот пред неколку дена, постоеле некои управни одбори каде што директорите земале поголеми плати од претседателот на државата. Така што нормален е револтот на граѓаните, во случајот на наставниците да бараат покачување на платите. Мој став беше и се уште е процесот да го водат кон тоа што целат и мислат, меѓутоа треба да излезат во пресрет на учениците, посебно на матурантите бидејќи сега завршува учебната година. Па секако подоцна и учениците да им се придружат на професорите во протестите каде што заеднички би го барале подобриот демократски начин за зголемување на платата на наставниците. Има голем дел од матурантите кои што сакаат да се запишат на студии надвор од државата, каде што на некои универзитети го пропуштаат рокот бидејќи кај нас матурата е малку подоцна. Така што ќе се соочат со навистина голем проблем.

Наставниците исто така да бараат поголеми реформи во образованието. УКИМ во последниве 3 години има паднато повеќе од 148 места. Што е навистина поразително за една земја која што би сакала да е дел од Европската Унија, истакна Петровски.

Подоцна наставниците исто така да продолжат со протести и да бараат поголеми реформи во образованието, бидејќи знаеме на какво ниво се наоѓа нашето образование и во средните училишта, но и во високото образование. Излезе информација дека УКИМ веќе има паднато во последниве 3 години повеќе од 148 места. Што е навистина поразително за една земја кој што би сакала да е дел од Европската Унија. Бидејќи знаеме дека многу универзитети кои што се во државите членки на Европската Унија уживаат навистина голем рејтинг во истражувањата за рејтинг на универзитети, рече Петровски.

Така што би се задржал на ставот дека наставниците треба да искочат во пресрет на наставниците и да се заврши оваа учебна година, навреме да се заврши матурата за да можат и матурантите да се запишат на факултетите, но и учениците да завршат со оваа учебна година, изјави Петровски.

М. Ацковска

Next Post

Богоевски: Криминалот во Македонија не е забранет, туку е комодитет кој најбогатите можат да си го дозволат за одредена цена

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk