Започна евакуацијата на цивилите од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, уништена од руското гранатирање. Првата група луѓе веќе се упатува кон територијата што ја контролира владата.
Розпочалася евакуація цивільних з Азовсталі. Перша група приблизно зі 100 осіб уже прямує на підконтрольну територію. Завтра зустрічатимемо їх у Запоріжжі. Дякую нашій команді! Нині вони, разом з представниками #ООН, працюють над евакуацією решти цивільних із території заводу.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 1, 2022
„Започна евакуацијата на цивилите од Азовстал. Првата група од околу 100 лица веќе се упатува кон контролираното подрачје. Утре ќе се сретнеме со нив во Запорожје. Благодарност до нашиот тим! Сега тие, заедно со ОН, работат на евакуација на други цивили од централата“, напиша на Твитер претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) денеска исто така потврдија дека е во тек операција за евакуација на луѓето од фабриката за челик Азовстал во украинскиот град Мариупол.
Портпаролот на ОН за хуманитарна помош, Савијано Абреу, изјави дека напорите за евакуација на луѓето од Азовстал се прават во соработка со МКЦК и во координација со украинските и руските власти.
МКЦК потврди и дека е во тек процесот на евакуација на цивили од Мариупол.
„МКЦК потврдува дека операцијата за безбедно поминување е во тек, во координација со ОН и страните во конфликтот“, изјави портпаролот на организацијата.