ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

3 Мај: Кој ја нарушува слободата на медиумите?

May 3, 2022 14:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

На Светскиот ден на слободата на медиумите, многу е важно прецизно да ја лоцираме одговорноста за притисоците кон медиумите и новинарите кај нас, и да не ја релативизираме криејќи се зад генерализации и општи констатации.

Притисокот кон слободата на медиумите во Северна Македонија во најголем дел доаѓа од политичките партии. Во тоа, и во минатото, но и денес, предничат политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и пропагандистичките структури во медиумите и социјалните мрежи блиски до овие две партии, поддржани и од надворешни антизападни центри на моќ. Факти дека оваа констатација е точна може да се најдат во истражувањата и на меѓународните медиумски организации, но и во домашни релевантни истражувања, кои Цивил редовно ги анализираше и објавуваше во минатите години.

Втор фактор, кој сериозно влијае на стеснување и гушење на медиумските слободи се сопственичките структури, кои се во тесна спрега со одредени политички фактори. Таа спрега резултира со несигурен медиумски пазар, селективна примена и непочитување на законодавството,  нерегулирани работни односи, кршење на работничките права и прекаријат, себецензурирање и деградирање на квалитетот на медиумските производи.

Иако може да се рече дека по падот на режимот на Груевски, власта и институциите придонесоа за мали подобрувања на медиумските слободи и слободата на изразување воопшто, пред сè преку зголемување на транспарентноста, достапноста на информациите од јавен карактер, отсуството на директни системски притисоци кон медиумите и новинарите, како и отсуството на злоупотребата на јавните пари за финансирање на медиумите што создаваше клиентелистички врски меѓу политиката и медиумите, сепак, дел од проблемите, коишто се последица на (не)работењето на институциите, остануваат.

Тука, пред сè, може да се посочи дека дел од институциите продолжија со негувањето на културата на неказнивост кон притисоците, заканите и нападите врз новинарите и медиумите, при што решавањето на ваквите случаи сè уште не е на задоволително ниво и претставува повеќе исклучок, отколку правило. Медиумската легислатива, иако (да потсетиме ако се заборавило) беше приоритет за решавање во планот на Прибе, останува во иста нефункционална состојба. Отсуствува институционалната реформа во јавниот сервис и во регулаторното тело АВМУ, каде што сè уште не се избрани раководните тела, поради процес кој е закочен во Собранието со години.

Како трет фактор со посериозно влијание врз слободата на медиумите може да се посочи недоволниот капацитет на самиот еснаф во полето на саморегулацијата, која сè уште не успева да го прошири опфатот и да го зголеми влијанието врз медиумските професионалци. Таа не успева да се дистанцира од оние што, наместо со новинарство, се бават со  пропаганда и дезинформации, и честопати ја користат саморегулацијата како штит за сопствената непрофесионалност.

На сите вистински борци за слобода на медиумите им посакувам овој ден да им даде поттик да издржат во нивните напори, за ослободување на медиумите од стегите на политиката и бизнисот, и од пропагандистите и дезинформаторите во сопствените редови. Да живее слободата!


Текстот е напишан по покана од ЦИВИЛ, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Next Post

Тупанчески: Само квалитетно, одговорно и етичко новинарство може да доведе до развој на демократијата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk