ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Постои неспособност и неподготвеност на нашите колеги да ја напуштат идеолошката и политичката рамка повеќе од 75 години

Фундаментална е нивната неподготвеност да ја прифатат дефиницијата за заедничка историја, вградена во самиот Договор за пријателство и добрососедство. Со тоа се заштитува неприфатливата за Бугарија, линија на толкување на минатото, линијата на моделирање на јавните ставови во духот на антибугарскиот македонски национализам., рече проф. Димитров.

May 4, 2022 19:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
BGNES

BGNES

Share on FacebookShare on Twitter

Познато е дека повеќе од две-три години не успеваме да се договориме со колегите од Скопје зошто и како треба да се слави Гоце Делчев во двете земји како обединувачка историска личност. Причината е сложениот и длабоко контрадикторен однос меѓу историјата и политиката. Ова го изјави проф. Ангел Димитров, претседател на Мешовитата бугарско-македонска комисија за историски прашања, јави БГНЕС.

Проф. Димитров беше учесник на конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“.

„Историската слика на новиот југословенски комунистички проект, постоењето на македонска нација со вековни државотворни традиции, е целосно политички производ и таа станува задолжителна за постигнување на планираната тотална контрола во македонското време и простор. Мораше да ѝ се даде легитимитет, и така историјата стана јадро на една историска конструкција како што е доктрината за македонизмот. Историската наука кај нашиот сосед постепено се развиваше, но нејзината основна задача е да ја пополни содржината на политичката рамка без да си дозволи да ја напушти. Така е и денес“, вели проф.Димитров.

Тој рече дека денеска во билатералната заедничка комисија ставот на колегите од РС Македонија е подреден на симбиозата меѓу политиката и историјата. Според него, постигнувањето договор за главните историски прашања ќе биде знак дека можеби ќе има похармоничен однос меѓу историјата и политиката.

Проф. Димитров ги посочи главните проблеми кои според него, докажуваат дека за историчарите на Северна Македонија сè уште се чека ослободувањето од притисокот на политиката.

„Фундаментална е нивната неподготвеност да ја прифатат дефиницијата за заедничка историја, вградена во самиот Договор за пријателство и добрососедство. Со тоа се заштитува неприфатливата за Бугарија, линија на толкување на минатото, линијата на моделирање на јавните ставови во духот на антибугарскиот македонски национализам. Заштитната линија на колегите содржана во поимот мултиперспективност – замена на правилниот пристап кон изнесување на ставовите на сите учесници во историски настан, со инсистирање на правото на поинаков историски наратив како израз на сопствените државни интереси. Постои неспособност и неподготвеност на нашите колеги да ја напуштат идеолошката и политичката рамка во која се оковани повеќе од 75 години“, рече проф. Димитров.

Тој ги повика македонските историчари да преземат граѓанска одговорност и да станат израз на реалната можност за надминување на антибугарските постулати на македонизмот.

„Време е историската наука во РСМ да се ослободи од историските окови. Тоа би довело не само до професионална туку и до јавна катарза во духот на европските и демократските стандарди. Мешовитиот комитет за историски прашања не треба да биде искривено огледало на односот меѓу историјата и политиката. Историчарот повеќе не е немоќен, тој може да избере и да го контролира својот став кон политиката. Кога ќе се ослободи од политичките диктати, историската наука ја враќа својата внатрешна слобода“, рече проф. Ангел Димитров, a пренесе БГНЕС.

Next Post

Кулеба: Азовстал сè уште се држи

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk