ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Пазар со образованието

May 5, 2022 11:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ФРОНТ
Бојан Петровски. Фото: лична архива

Бојан Петровски. Фото: лична архива

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОЈАН ПЕТРОВСКИ

„Образованието е најмоќното оружје кое можете да го користите за да го смените светот” во еден говор изјавил Нелсон Мандела. Сè почнува и завршува со образованието, односот кон себе, кон другите, кон природата кон државата. Развојот на човекот започнува од домот па продолжува во „клупите“ каде што системот те подготвува за иднината. Во еден период те подготвува, во друг период те насочува. Децата биле „сунгер“ велат, впиваат брзо знаење, побрзо учат од возрасните и веднаш го применуваат. Европа кон која тежнееме и земјите од западниот свет образованието го имаат вградено многу сериозно во државниот систем, вака отстрана гледано, мислата на Мандела си ја земале „здраво за готово“ и не погрешиле. Развојот на модерните држави во 21 век е директно потпрен врз образовниот темел. Ковид кризата докажа дека образованието има голема улога во справување со предизвици, посебно во оние држави каде што децениски се вложуваат големи финансиски средства од државата во областа наука. Во сите области генерално гледано, образованието го „зграпчува“ најголемиот дел, дали во безбедноста, дали во економијата, здравството, локалната самоуправа или владеењето на правото.

Гледај си го прво дворот дома, пред да зборуваш за комшијата. Статистиката е најлесниот начин кој ни го нуди образованието да споредиме што се случува надвор од нашиот двор. За жал не можеме да се пофалиме, нашиот „двор“ е образовно необразован. Неквалитетен, полн со корупција и заборавен во некои други времиња. Дискриминацијата од секаков тип е присутна, а финансиската поддршка од државниот систем речиси и да не постои. Ресурси нема а достапни модерни програми се научна фантастика. Жената сè уште слугува и е во кујна во учебниците а децата на политичарите се во друг општествен повисок „слој“ според некои автори.

Да проговориме малце низ призмата на меѓународни извештаи и документи:

Резултатите на нашите ученици во споредба со другите врсници во регионот се пониски од регионалниот просек за читање и математика. Според статистиките потеклото на учениците во голема мера определува дали се запишани во стручно или општо образование. Наставните практики се разликуваат од земјите од регионот и Европа а квалитетот на образованието е загрижувачки во сите нивоа каде што системот останува ранлив на политичко влијание и корупција. УКИМ тоне кон дното, пракса во високото образование се сведува на минимум, некои образовни програми на факултетите исчезнуваат поради мал број заинтересирани студенти. Високото образование е во сериозен проблем. Децата и учениците со попреченост и оние од ромската заедница и понатаму се соочуваат со бариери во однос на редовно и квалитетно образование и обуки. Исто така, се наведува и дека поделбата по етничка линија во образованието продолжува. Министерството за образование и наука е редовно во политички „пазар“ каде што веќе не се знае ни кој е министер од честите промени, а тука во овој пазар страдаат младите, иднината на секој систем. Науката е заборавена тема, декларативно се одвојуваат средства кои подоцна исчезнуваат во некој ребаланс.

Ако прашувате за време, нема. Потребни се итни и брзи реформи. Дали ќе има „јунак“ да го реши проблемот останува да видиме. Генерации буквално остануваат на средина во општеството, бидејќи тоа на кое се „подготвувани“ тука, во Европа и светот било тема и е завршено пред дваесетина години. Стале Попов би рекол крпен живот, но јас велам дека младите заслужуваат достоинствен живот. Квалитетно образован живот.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Љубиша Арсиќ во интервју за Трн: Плажата „Оревче“ е израз на моето постоење

July 13, 2025

Објавена причината за смртта на актерот Џулијан Мекман

July 13, 2025

Барди нов играч на Коњаспор

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk