ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прекината 57-та собраниска седница, распавата за Извештајот на ЕК за 2021 година продолжува утре

May 5, 2022 17:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието попладнево продолжи расправата за Извештајот на Европската Комисија за земјава за 2021 година, во рамките на 57 седница, jaвува МИА.

За опозициските пратеници Извештајот е реален приказ за „лошата состојба во сите области во земјава“ и „оценките се полоши отколку во претходните извештаи“. Пратениците од мнозинството, пак, посочија дека во него се нотира оти “во сите поглавја или кластери има одреден напредок“ и дека „состојбите се многу подобри отколку за време на владеењето на сегашната опозиција“.

Пратеникот Златко Пенков од ВМРО ДПМНЕ истакна дека во Извештајот е нотирано дека државата покажува добро ниво на подготвеност во пет области, умерено во 25 и рана фаза на подготвеност во две области и тоа слобода и движење на работниците и буџетски и финансиски одредби.

– Апликацијата за членство во Европската унија е поднесена на 22 март 2004 година. Каде сме ние од тој датум до сега, на сите ни е јасно. Дадени се препораки за поголем фокус врз административниот капацитет и ефикасно спроведување на законодавството. Во однос на првиот столб, каде што се демократијата, Собранието и граѓанското општество, нотиран е одреден напредок и дека опозициските партии останаа активно вклучени во работата на Собранието, рече Пенков.

Тој посочи дека во Извештајот е нотирано оти државата нема резултати во борбата против организираниот криминал. Пенков констатира дека од 2004 година до денес, државата не направила доволно за да стане членка на ЕУ.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска нагласи дека во Извештајот, како и секоја година, во некои области е нотиран помал напредок во некои поголем, но, како што рече, главниот проблем за недобивање на датум за почеток на преговорите е нерешениот спор со Бугарија, која го попречува евроинтегрирањето на нашата држава.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски ја прекина 57 седница, а нејзиното продолжение го закажа за утре во 11 часот.

Next Post

Загриженоста за снабдувањето ја зголеми цената на нафтата на 112 долари за барел

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk