Основачот на „SpaceX“, Илон Маск, ги коментираше заканите на претседателот на “Роскосмос“, Дмитриј Рогозин на неговата адреса.
Претходно, шефот на “Роскосмос“ му се закани на Маск дека „ќе мора сериозно да одговара“ за давање пакети на „Starlink“ на Украина.
Основачот на Тесла предизвика наплив на емоции, остро реагирајќи на својата социјална мрежа на заканите на Дмитриј Рогозин.
„Ако умрам под мистериозни околности, ми беше пријатно што ве запознав“, цинично му порача Маск на Рогозин.
„Starlink“ беше доставен до Украина од Пентагон во февруари, откако украинската страна апелираше до Маск.
SpaceX веќе го регистрираше украинското претставништво на „Starlink“.
Во продолжение Маск ја коментираше изјавата на Рогозин за „нацистичкиот баталјон“.
„Зборот „нацист“ не значи тоа што тој мисли“, напиша Елон Маск за Рогозин.
превод: Жорж Димовски