Минатата недела на Марс беше забележан „марсотрес“ со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, убедливо најсилниот потрес што некогаш бил откриен надвор од Земјата.
Робот на Марс го забележа најголемиот земјотрес што некогаш бил почувствуван на друга планета, потрес на Марс кој достигнал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, се вели во соопштението објавено во понеделникот од Лабораторијата за млазен погон на НАСА (JPL).
Рекордниот „земјотрес“ не само што демонстрира геолошка активност на Марс, туку и отвора прозорец во мистериозната внатрешност на црвената планета.
Земјотресот беше забележан од мисијата „InSight“ на НАСА, лендер што го допре Марс во ноември 2018 година. „InSight“ е опремен со чувствителна компонента наречена Сеизмички експеримент за внатрешна структура (SEIS), кој е првиот сеизмометар кој некогаш бил распореден на вонземски свет.
Felt that one‼️
After more than three years of listening to the soft rumbles of Mars, I just felt by far my biggest “marsquake” yet: looks like about magnitude 5. My team is studying the data to learn more. Science rewards patience!
More details: https://t.co/DKVy8tUrxU pic.twitter.com/bExr13Lkvw
— NASA InSight (@NASAInSight) May 9, 2022
Дизајниран и изграден од францускиот Национален центар за вселенски студии, кој е владина вселенска агенција на нацијата, „SEIS“ има снимено повеќе од 1.300 земјотреси откако почна да работи пред околу три години.
Сепак, ниту еден не се приближи до интензитетот на „земјотресот чудовиште“ со јачина од 5 степени, како што го опиша „JPL“, што го потресе Марс минатата среда, на четврти мај. Сличен е на земјотресот што ја погоди Намибија минатиот месец, но на Марс, оваа сила е многу поретка. Претходниот рекордер, кој се случи во август 2021 година, достигна магнитуда од 4,2 степени, што го прави само шестина од јачината на неодамнешниот земјотрес на логаритамската скала на Рихтер.
Додека сеизмичките бранови минуваат низ кората, обвивката и јадрото на Марс, тие се одбиваат или минуваат низ различни внатрешни структури. Како резултат на овие средби, татнежите откриени од „InSight“ може да произлезат со вредни информации за големината, составот и дистрибуцијата на карактеристиките внатре во планетата. Овие податоци, пак, можат да помогнат да се разоткрие приказната за формирањето и еволуцијата на Марс.
Во текот на првите две години од мисијата, научниците биле збунети од недостатокот на земјотреси со магнитуда од 4. Сега, лендерот го забележа својот најголем земјотрес досега, пресвртница што ќе открие нови сознанија за подземните слоеви на Марс.
„Откако го спуштивме нашиот сеизмометар во декември 2018 година, го чекавме „големиот“, рече Брус Банерд, главен истражувач на „InSight“ во „JPL“. „Овој земјотрес сигурно ќе обезбеди поглед кон планетата како ниеден друг. Научниците ќе ги анализираат овие податоци за да научат нови работи за Марс во наредните години“.
превод: М. М.