Познатиот руски актер Александар Феклистов објави свој апел до Украинците. Уметникот истакна дека се обидуваат да им ги „затворат ушите и очите“ на Русите, пренесува tsn.ua.
Во своето обраќање уметникот изрази зборови на солидарност со Украинците и истакна дека Русите чувствуваат голем срам поради тоа што се случува.
„Драги мои украински колеги. Со кого работев, кој ме памети. Сакам да ви изразам зборови на солидарност. Овде во Русија, се разбира, доживуваме неверојатен срам во врска со она што се случи. Но, сето тоа се ситници во споредба со она што Украина сега трпи“, рече Феклистов.
Актерот истакна дека се обидуваат да им ги „затворат ушите и очите“ на Русите, но тие ја гледаат и слушаат нашата тага:
„Знаете, еднаш во моето детство имаше воспитувачка во градинката која, ако не заспиеш во тихиот час, многу силно ни ги притискаше очите за да заспиеме. Па, од 24 февруари се обидуваат да ни ги затворат не само очите, туку и нашите уши, но, сепак, гледаме и слушаме за вашата тага и ја изразуваме нашата солидарност… Знаете, вујко ми Валентин Алексеевич почина во близина на Киев за време на Големата патриотска војна, исчезна, поточно така. Па не разбирам зошто ние тоа го повторуваме. Страшно е болно и горко. Ние сме со вас“, рече Феклистов во своето обраќање.
Превод: Жорж Димовски