Руските разузнавачки агенции стојат зад смртта на шест олигарси вклучени во бизнисот со гас во пресрет и по руската инвазија на Украина. Ова го изјавија Андерс Аслунд, познат шведски економист, автор на книгата “Клански капитализам во Русија“ и Џон О’Нил, американски писател и автор на неодамна објавената книга “Танчерка и ѓавол: Сталин, Павлова и патот до големата пандемија“, пишува Haqqin.az.
И двајцата посочуваат дека обидите за животи на непријателите на Кремљ биле најкористениот метод на советската Чека/ОГПУ/НКВД/КГБ уште од времето на Сталин.
Да потсетиме дека телата на 53-годишниот милијардер Сергеј Протасени, поранешен заменик-директор на руската гасна компанија Новатек, како и неговата сопруга Наталија и 18-годишната ќерка Марија, беа откриени на 19 април во вила во Регионот Коста Брава во Каталонија. И иако според првичната верзија на полицијата, Протасени, откако ги убил сопругата и ќерката со секира, извршил самоубиство, неговите отпечатоци од прсти не биле пронајдени на оружјето за убиство. Синот на Протасени, 22-годишниот Федор, кој на денот на инцидентот бил во Франција, изјавил дека татко му многу го сакал неговото семејство и едноставно не е способен за такво нешто.
А ден претходно, на 18 април, беше пронајдено телото на олигархот и поранешен потпретседател на Гаспромбанк Владислав Авеев, сопственик на богатство од 400 милиони долари, како и неговата сопруга Елена и 13-годишната ќерка. во Москва. Според полицијата, олигархот прво ги убил членовите на своето семејство, а потоа се самоубил.
На 24 март во луксузен стан во Нижни Новгород беа пронајдени телата на милијардерот Василиј Мелников, шеф на фармацевтскиот гигант MedStom, неговата сопруга Галина и двајцата мали синови. Верзијата на полицијата е иста – милијардерот ги убил членовите на своето семејство, а потоа се самоубил. Во близина на телото на милијардер е најдено неговото проштално писмо.
Еден месец претходно, на 25 февруари (ден по почетокот на руската инвазија на Украина), Александар Тулјаков, 61-годишен поранешен извршен директор на Гаспром. И тука се иста пресуда на полицијата – се самоуби.
Три дена подоцна, во градината на неговата палата во Сари (Англија), беше откриено телото на украинскиот олигарх Михаил Ватфорд, кој заработил богатство од милијарди долари во бизнисот со гас во Русија. Британската полиција, како и нивните руски колеги, утврдила дека причината за смртта на олигархот е самоубиство.
И конечно, на 30 јануари, Леонид Шулман, поранешен врвен менаџер на Гаспром, беше пронајден мртов во неговата куќа. Нормално, и тој се самоуби.
И конечно, на 30 јануари, Леонид Шулман, поранешен врвен менаџер на Гаспром, беше пронајден мртов во неговата куќа. Нормално, и тој се самоуби.
Во интервју за The New York Post, Андерс Аслунд тврди дека низа мистериозни самоубиства од руски олигарси се појавуваат како убиства со Кремљ зад нив.
„Во тек е серија физички елиминации и многу е тешко да се најде некој што го прави тоа“, рече Аслунд. „Но, за мене сето тоа изгледа како акциите на Кремљ…
Според Аслунд, тој од руски извори дознал дека на крајот на 2021 година и на почетокот на март 2022 година, ФСБ составил два списоци во кои биле вклучени врвни менаџери на енергетскиот сектор во земјата. Разузнавачката служба ги сомничи овие луѓе дека и доставувале доверливи информации на Украина за планираната руска воена инвазија, како и податоци за финансирање на тајните операции на ГРУ во Украина.
„Беше наредено да се ликвидираат сите“, вели Аслунд. – Русија финансира многу од своите тајни операции преку Гаспром и Гаспромбанк, бидејќи секторот за гас е најкорумпираниот сектор во Русија. А менаџерите кои работат таму знаеле се за тајното финансирање…“
Економистот истакна дека уште од сталинистичката ера, убивањето на несакани луѓе било еден од најчестите методи на советските, а подоцна и на руските специјални служби.
На истото мислење е и писателот Џон О’Нил.
„Она што го гледаме сега е класична советска тактика“, вели писателот. – Сталин секогаш барал и користел начини за тајно да ги елиминира луѓето кои му пречеле. По наредба на Сталин во 1921 година беше основана таканаречената „Лабораторија №1“, која разви биолошко оружје и беше поврзана со таен подземен тунел директно со седиштето на “Чека“.
Според Џон О’Нил, во модерна Русија слични обиди и труења врши тајна група ГРУ позната како „Воена единица 29155“. Тој потсети дека токму оваа група ги отрула полковникот на КГБ Сергеј Скрипал и неговата ќерка, кои побегнале на Запад, во Лондон.
„Њујорк пост“ пишува и дека тинк-тенкот на Варшавскиот институт неодамна објави извештај во кој, особено, се наведува дека безбедносните службеници на „Газпром“ биле забележани на сите места каде што се случила мистериозна серија самоубиства.
Очигледно, некои високи функционери на Кремљ се обиделе да ги сокријат трагите од нивните махинации во државните компании.
превод: Жорж Димовски