ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Со младите креираме политики за развој на државата

May 12, 2022 17:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска ја отстапи Владата на младите со учество на завршна активност „Младите ја преземаат Владата“, дел од регионалната младинска конференција #ThinkForward: YOUth Action NOW!, организирана од Делегацијата на ЕУ како дел од програмата Европска година на младите.

Настанот на кој младите известувачи ги презентираа нивните согледувања на неколку клучни теми со поздравен говор ја отвори амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

Пред премиерот Ковачевски и членовите на Владата на темата за регионална соработка и помирување говореше Бленди Ходаи, за менталното здравје на младите говореше Мимоза Серафимовска а за климатските промени и зелениот одговор на ЕУ, Марија Бургиева. Тие укажаа на неопходноста да се чуе нивниот глас и потребата да бидат поинтегрирани во донесувањето на одлуки во институциите.

Во своето обраќање премиерот Димитар Ковачевски ги повика и охрабри младите луѓе да преземаат акции и да ги реализираат своите идеи, а Владата ќе настојува да создаде најповолна клима за остварување на нивните амбиции вклучувајќи го и брзото реализирање на процесите за интеграција во ЕУ каде што припаѓа нивната иднина.

„Задоволство ми е и што можам да ги чујам сите мислења на исклучително важни теми, кои ги засегаат не само младите, туку и возрасните, како и идните генерации. Драго ми е што се согласуваме околу тезата дека вистинските лидери не носат одлуки што го засегаат нивниот резултат на следните избори, туку одлуки кои што ја засегаат и подобрата иднина на идните генерации“, истакна Ковачевски.

Тој ја изрази својата почит кон придонесот на сите млади луѓе, споменувајќи ја нивната храброст, иновативност, свежи претприемнички идеи, преку кои успеаја да ги воведат новите индустрии во нашата држава коишто влијаеа на економскиот раст.

Премиерот Ковачевски укажа и на позитивните аспекти на соработката на младите со нивните врсници од регионот укажувајќи на извонредните можности што произлегуваат од активностите на Регионалниот совет за соработка во рамките на Берлинскиот процес, како и од можностите што ги нуди иницијативата Отворен Балкан за регионална интеграција која ни е потребна за зголемување на трговијата, за размена на знаења и на образование.

Во дискусијата, во која учествуваа и Бојан Маричиќ, заменик-претседател на Владата за европски прашања,  Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Насер Нуредини министер за животна средина и просторно планирање,  Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство, Љуљзим Алиу, заменик-министер за образование и наука, Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи и Роберт Алаѓозовски национален координатор за интеркултурализам, едно општество, беше заеднички оценето дека оваа активност има за цел да ја олесни директната дискусија меѓу младите луѓе и владините претставници и дека вратите на институциите секогаш ќе им бидат отворени за нивните иницијативи за креирање на добри, квалитетни политики за млади.

Next Post

Петровска – Ендрусјак: Вежбата „Swift Rеsponse“ го покажа големиот потенцијал на Криволак

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk