ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Загрижени родители: Го повикуваме градоначалникот на Ѓорче Петров да каже што ќе прави со децата кои ќе бидат испишани од градинките во Карпош

Бидејќи поголемиот број деца се токму од оваа општина како што изјави градоначалникот на Карпош, јавно го повикуваме градоначалникот на Ѓорче Петров како планира да го реши овој проблем. Неговите вработени нè известија дека листите за чекање се долги и дека најубаво е да се проба „да се фатат врски“. Го замолуваме покрај решението да даде и официјално насоки каде тие врски да ги фатиме и како овој процес да го објасниме на нашите деца, пишува во реакцијата. 

May 12, 2022 09:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Стојкоски, ВМРО-ДПМНЕ

Стојкоски, ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookShare on Twitter

Во редакцијата на Фронтлајн повторно пристигна мејл од Загрижени родители кои дадоа свој коментар на реакциите од официјалните лица од Општината на чело со градоначалникот на Карпош. Реакциите пристигнаа откако во Општина Карпош беше донесена одлука, веќе запишаните деца во градинките на териоторијата на Карпош, а се од други општини, во случајов најмногу од Ѓорче Петров, да бидат испишани од градинките до 10 јуни, и да не се запишуваат деца од други општини. 

„Нивните објаснувања т.е. објаснувањето на градоначалникот можеби во неговите планови и политички програми имаат логика и сето тоа кажано добро звучеше сѐ до оној момент кога се спомна претходната гарнитура која ја водеше општината. Тука маските паднаа и тука се виде дека дури и од потенцијално корисна одлука, полека но сигурно, се влегува во некој политички реваншизам.

Се спомна општина Ѓорче Петров во реакцијата од општина Карпош, децата кои се запишани во Влае, се пред сѐ запишани од реонот Хром во која градинка има деца од цела општина Ѓорче Петров и нема место за децата од тој реон. А нема место зашто готова градинка во Волково чека на отвoрање и е моментално блокирана, неофицијално, заради политички блокади“, пишува во реакцијата на Загрижени родители.

„Бидејќи поголемиот број деца се токму од оваа општина како што изјави градоначалникот на Карпош, јавно го повикуваме градоначалникот на Ѓорче Петров како планира да го реши овој проблем. Неговите вработени нè известија дека листите за чекање се долги и дека најубаво е да се проба „да се фатат врски“. Го замолуваме покрај решението да даде и официјално насоки каде тие врски да ги фатиме и како овој процес да го објасниме на нашите деца“, пишува во реакцијата. 

Тие пишуваат дека не е во ред Владата и ресорните министерства да молчат по ова прашање, бидејќи се засегнати деца и родители од повеќе општини.

Во изјава за Канал 5, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, рече дека оваа одлука ја најавил уште пред шест месеци, а причината за тоа е немањето место и чекањето на децата кои се од споменатата општина.

„Дури 306 деца од Карпош чекаат место, а местото им го земаат 200 деца од Ѓорче Петров, изјави Стевчо Јакимовски – Градоначалник на Карпош.

Јакимовски најави и изградба на четири градинки, кои ќе бидат наменети исклучиво за карпошани.

И. З.

Next Post

Проруски хакери нападнаа неколку италијански институции, меѓу кои и Сенатот

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Временско ЕХО – 31 октомври

October 31, 2025
Фото: МВР Србија

Масовен студентски марш кон Нови Сад, една година без одговорност за падот на настрешницата

October 31, 2025

Утре гласаат болните, в недела втор круг локални избори во 32 општини и Градот Скопје

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk