ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Гомбрович за Македонци

May 14, 2022 16:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Вики Младенова ми го прати текстот на Томислав Марковиќ за Гомбрович.

Насловот не може да биде подиректен: Што балканските народи можат да научат од Гомбривич?
Објавен е на порталот на Ал Џезира, а потоа и на порталот Феномени.

Одговорот го дава самиот автор: Во строга смисла-ништо, затоа што самиот Гомбривич, всушност, ѝ се обраќа на индивидуата, бара личноста да се менува и ослободува од нацијата и државата и преку тоа да влијае врз остварувањето на нови форми и димензии на нацијата и на државата.

На нови контексти кои ќе бидат стимулативни за поединецот.

Ќе го прават среќен и продуктивен, односно остварен и среќен.

Марковиќ нагласува, со право, се разбира, дека ослободувачката доктрина, уметност и мисија на големиот Витолд, можат да бидат спасоносни и за индивидуите и за нациите.

Ако индивидуите го разберат.

Гомбрович го повикува поединецот да се бори против татковината.

Која го држи како роб.

Преку својата историја, култура и институционален устрој.

Тој не бара да престане расправа за историјата на државата и нацијата, туку бара да се расправа за личните истории.

На луѓето кои не се задоволни од тоа како општата историја ги контекстира и го произведува во форма на негативни лични истории.

Да ги упростиме работите до крај: Што имам јас од Гоце ако Гоце има сѐ од мене.

Не сум задоволен од Гоце во мојот живот.

Не го ебам.

Не сум задоволен од Македонија, но не во смисла на власта, туку во смисла на идејата.

И Македонија не ја ебам, бе.

Мојата последна книга не случајно се викаше „Мојата борба со Македонија“.

Тоа звучи така гомбровичевски.

Претходната книга се викаше: „Ослободување од Македонија“.

Ко да ја пишувал генијалецот од Малошице.

Знаете ли како се викаат моите книги од времето кога не го бев читал „Дневникот“ и „Транс Атлантик“: „Лилјаковиот поглед на македонската политика“, „Добри вести од загубените битки за спас“ и „Кратка историја на едно распаѓање“.

Добро, еве уште еден наслов: „Како бевме систематски уништувани од идиоти“.

Сакам да кажам дека јас и Витолд се знаеме уште пред да се сретнеме.

Немам никакви претензии.

Да се разбереме.

Тој е Монт Еверест на умот, а јас сум Гази Баба у врв глава.

Еве што и одговорив на Младенова.

Тешко оди таа работа, драга Вики.

Текстот на Марковиќ е одличен, но да го внесеш Гомбрович во разорените мозоци на балканските, па и на многу светски нации, е речиси невозможна мисија.

Јас се обидувам да го пресадам тука во Македонија, повеќе од 20 години, но многу тешко ми оди.
Хахаха.

Дневникот на овој великан и Панорама на светските идеи на Гаетан Пикон од 1957 година значи од времето на Витолдо (Гомбривич го читал Пикон и бил одушевен, во некои аспекти на Дневникот го користел), јас би ги ставил како задолжително четиво за сите што сакаат да се занимаваат со политика. Можам да им бидам едночлена комисија. Освен ако не сакаш да ми се придружиш. Без наша лиценца никој не би можел да се занимава со општите работи. Не се заебавам. Тоа е, фала за линкот, поздрав.

Имам впечаток дека ние во Македонија, а и во околните балкански вукојебини
какви што се Србија, Бугарија, Хрватска итн., се оддалечуваме од Гомбрович во колона во која Витолд би рекол: Свиња, свињи, дупе слини!

Се уништува идејата за нацијата и државата.

Низ процеси во кои се обликува нивното обожување.

Една запирка на Гомбривич вреди сто пати повеќе од сиот опус на вмро.

Од 893 до денеска.

Од сите конгреси, имиња, фото сесии на четите, од сите убијци и убиени лудаци, од Владо Поповски, Чепреганов, Коцарев, Ќулафкова, Ванковска, сѐ до Љубчо, Никола и еве сега до Жицко.
Нација која не сака да се ослободи од себе.

Луѓе кои не сакаат да се ослободат.

Македонци кои тргнале по вмровската свиња и ја слинат тие неа, а свињата нив…

Океј.

Ако сакате да бидете свињи треба да сметате со тоа дека ќе завршите како шунки, кобасици и шваргли.

Мицко е рак кој му вика на организмот дека ќе умре ако не срка супа со кнедли од вмро.
Канцерогени.

Со вмро њоки.

Ако преземе уште една Специјална операција за одвраќање на НАТО, многу е веројатно дека по Финска и Шведска влез во Северноатлантската алијанса ќе побараат Санкт Петерсбург, Владивосток, Екатеринбург, Казахстан и Белорусија. Јасна Пољана ќе се самопрогласи за Европска автономна област и ќе побара концерт на Пол Макартни.

 


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk