ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

(ВИДЕО) Седум години од најмасовниот граѓански протест против режимот на Груевски

Кога на граѓаните им беше доста? На 5 мај истата година антивладини протести станаа масовни со протесот против полициска бруталност, денот кога беа обелоденети „бомбите“ за убиството на младиот Мартин Нешкоски, а кој претставува еден од симболите на граѓанското движење за демократски промени во општеството. Нешкоски беше претепан до смрт по митинг на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.

May 17, 2022 10:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред седум години, на денешен ден, 17 мај 2015 година, граѓани од сите етникуми во земјава се обединија и излегоа на најмасовнаиот протест во македонската историја. Со слоганот #ДОАЃАМЕ, помеѓу 70.000 и 100.000 граѓани излегоа гласно да кажат НЕ на режимот на поранешниот премиер и актуелен политички азилант во Унгарија, Никола Груевски. Пред Владата се скандираше за слобода, демократија и за крај на режимот.

Илијадниците граѓани гордо и ревносно носеа транспаренти со пораки „Збогум Никола“, „Слобода“, „За Македонија се работи“, „Цензурата е забранета“. Масовниот протест се oдржуваше пред Владата, а на насобраните граѓани им се обрати тогашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, многу политичари, универзитетски професори, глумци, режисери, уметници, граѓански активисти, новинари и студенти. Протести се одвиваа и во други градови во земјава.

Граѓанскиот активист од ЦИВИЛ, Џабир Дерала на бината пред насобраниот народ рече дека за  мизеријата, смртта и тепањето некој мора да плати.

„Денеска дојдовме по нашата слобода! Патеката е јасна: оставка, праведно судење, конфискација и затвор“, порача Дерала.

Пред насобраните граѓани се обрати и Зоран Заев, кој подоцна стана и премиер на државата.

„Со волја или без волја на Никола Груевски, тој ќе замине. Мора да замине, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој, покрај оставка од Груевски, побара и оставки  од јавниот обвинител, од обвинителот за организиран криминал и од раководството на МРТВ.

По овој масовен протест започна Кампот на слободата којшто траеше речиси два месеци. Граѓани мирно протестираа во шатори пред Владата, кадешто имаше секојдневни трибини на политичари, активисти, уметници, зошто е важно да се стави крај на режимот на Груевски. Во овој период од мај до средината на јули 2015 година, неколку министри од тогашната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, поднесоа оставки од функциите.

Во мај, неколку денови пред масовниот протест, оставки од функциите поднесоа ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, тогашниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, како и поранешниот министер за транпорт и врски, Миле Јанакиески. Против нив се водеа истраги и судски спорови, а за неколку предмeти веќе има и пресуди.

Одбележување на 17 мај

Поранешниот премиер Зоран Заев, кој тогаш беше претседател на СДСМ, го одбележа денот и објави статус на Фејсбук.

„Нека е честит и вековит Денот на обединувањето за слобода, Денот на граѓанскиот глас, Денот кога народот ја ослободи македонската црвена боја од прангите на едноумието и насилието“, напиша претходниот премиер Зоран Заев на Фејсбук.

Денешниот ден го одбележа и актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој напиша дека сега е вратено достоинството на граѓаните, демократијата во државата, слободата на медиумите, независноста на судството… Од аспект на МВР, наведува, создадовме полиција блиска до граѓаните, партнер со граѓаните и вистински сервис за спроведување на нивните права.

„Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Бошњаци, Власи, … заедно и обединети бидејќи и’ мислевме добро на државата, имавме безброј причини да протестираме против суров режим. Протестиравме против насилството и криминалот за кои дознавме од прислушкуваните разговори на 20 000 лица, против замолчувањето на неистомислениците, против полициската бруталност и тепањето студенти, против неправдите со кои ги осиромашија граѓаните, против меѓународната изолација и заробената држава, мрачните сценарија и обидите за дестабилизација, против ставањето на личниот и партискиот интерес над граѓанскиот“, напиша Спасовски.

Кога на граѓаните им беше доста?

На 5 мај истата година антивладини протести станаа масовни со протесот против полициска бруталност, денот кога беа обелоденети „бомбите“ за убиството на младиот Мартин Нешкоски, а кој претставува еден од симболите на граѓанското движење за демократски промени во општеството. Нешкоски беше претепан до смрт по митинг на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.

Долго пред 5 мај имаше многу протести, а за голем дел од граѓаните токму овој датум е предвесник на „Шарената револуција“ и „Протестирам“.

И. Т. З.

Next Post
Maarten Wolterink

Погрешна процена

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk