СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.К. (46) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад” по член 230 став 3 од Кривичниот законик.
МВР соопшти дека во текот на февруари 2022 година во Скопје, полициски службеници од Единица за економски и компјутерски криминал и претставници од други надлежни инспекторати извршиле контрола во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини на улица ,,1″ во село Арачиново, при што го затекнале пријавениот како во моментот неовластено тргува со отпад без да е регистриран во Централниот регистар како правно лице и без да поседува Дозвола за вршење на дејност „Складирање и третман на отпад”, издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање, соопшти полицијата. /МИА/.