Поради државниот празник 24 Мај, (вторник) јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници.
Како што информираат од ЈСП, од 7:00 до 13:30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и билетарницата во Ѓорче Петров.
Во вторник, Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, а во понеделник објектот нема да работи./МИА/