ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Реакција од кабинетот на Талат Џафери: Антонио Милошоски лаже, претседателот немал средба со делегација од Чеченија

May 20, 2022 15:41
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Што ѝ ветил Талат Џафери на делегацијата од Чеченија која била во посета на Собранието?“ е прашање кое нема одговор затоа што Претседателот немал средба со делегација од Чеченија, реагираат собраниските служби, на како што велат, лажните наводи за средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија со делегација од Чеченија.

„На денот кој се наведува во информациите на порталите 8 јули Претседателот Џафери имаше средба со делегација од Еврпскиот муслимански форум Абдул-Вакхед Нијазов, претседател на Европскиот муслимански форум (Брисел, Белгија / Москва Русија; на средбата присуствуваа и Ромас Јакубаускас , муфтијата на Литванија, Член на одборот на Европскиот муслимански форум, (Вилнус, Литванија); д-р Надер Акад, имам на Исламскиот центар во Трст, Ко-претседател на Меѓународниот Мариан на муслиманска христијанска комисија во Меѓународната папска академија, член на Одборот на Европскиот муслимански форум (Рим, Италија);  Јусеф Мурат Муфтија на Романија, советник на Европскиот муслимански форум (Констанца, Романија); Наим Елгандур, Претседател на Муслиманското здружение на Грција (Атина, Грција); Мустафа Избиштали , Муфтија на Софија (Софија, Бугарија); Ферди Асани Советник на Европскиот муслимански форум Скопје (Северна Македонија)“, се вели во реакцијата од Собранието.

Наведуваат дека содржината на разговорот на мултилатерално ниво, како и секогаш е објавена во веста на интернет страницата на Собранието. Пред одржување на средбата, како што нагласуваат, според вообичаената пракса Собранието доби и позитивно мислење од МНР на Република Северна Македонија за одржување на средбата и информација дека делегацијата е примена од страна на Претседателот на Собранието на Србија, а во 2018 година од страна на Претседателот Иванов.

„Во време кога Европа и светот одржуваат конференции за борба против лажни вести и дезаинформации, пратеник се впушта во лиферување на вест која апсолутно е неточна и има за цел да нанесе штета не само на претседателот Џафери, туку и на Собранието и на државата. Уште попоразително е што околу 20 портали, па дури и интернет страници на национални телевизии ја презедоа веста, без да го контактираат Кабинетот или во најмала рака да ја проверат веста на собраниската интернет страница“, стои во реакцијата на Собранието.

 

 

 

Next Post

Зеленски: Сите заедно мораме да се погрижиме Русија да нема никаков успех во агресијата против Украина

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk