Новинарите го дознаа и го обелоденија идентитетот на сопругата на Русинот кој се бори во Украина, кој во разговор со сопругот експлицитно ја признала својата „желба“ да ги мачи и убива украинските деца кои завршиле во Русија. Според Настојаште Времја, независен руски медиум, станува збор за Јулија Копитова, сопруга на Володомир Копитов.
“Взяли бы всех там переубивали, да и на х*р”
Журналисты узнали личность жены россиянина, воюющего в Украине, которая в разговоре с мужем призналась в желании пытать и убивать украинских детей, оказавшихся в России pic.twitter.com/OFwLatD5Ja
— Настоящее Время (@CurrentTimeTv) May 19, 2022
Таа во објавениот разговор му кажува на сопругот дека би ги стрелала децата, би ги мачала и би има давала наркотици. Јулија му вели на сопругот дека украинските бегалци во училиштата им кажувале на нивните (руски) деца нема да го слават 9 мај затоа што тоа не е нивен празник.
„Во училиште на 9 мај рекле дека не сакаат да го нацртаат Претседателот (мислејќи на Путин) затоа што тоа не е нивен претседател. Ете тоа го кажуваат децата од нашето училиште….Би ги стрелала. Би им дала наркотици и би им викала „УМРЕТЕ, МАЧЕТЕ СЕ“….Би им отсекла уво, прст, само да трпат болки. Тие се нацисти, ќе пораснат и тоа ќе станат. Што ги донесе Путин тука,. Тоа се идиоти…Земете убијте ги и е**те ги!“, вели Копитова во експлицитниот телефонски разговор со сопругот.
Дури и сопругот се згрозува од разговорот и вели „Но, тоа се деца, Јулија“!
И. З.