Рускиот дипломат во Канцеларијата на ОН во Женева, Борис Бондарев, поднесе оставка, откако претходно испрати писмо до неговите странски колеги во кое зборува против „агресивната војна што ја започна“ претседателот Владимир Путин во Украина, пренесува Радио Слободна Европа, пишува ЦИВИЛ.
Бондарев ја потврди својата оставка во писмото доставено денеска наутро до руската дипломатска мисија.
„Во дваесет години од мојата дипломатска кариера видов различни пресврти во нашата надворешна политика, но никогаш не се срамев од мојата земја како на 24 февруари годинава“, напиша тој, алудирајќи на датумот на почетокот на руската инвазијата.
Како што пренесува РСЕ, Бондарев е дипломатски советник кој беше фокусиран на улогата на Русија во Женевската конференција за разоружување, откако претходно работеше во Камбоџа и Монголија.