ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тупанчески: Интегритетот е еден од најефективните механизми за спречување на корупција

May 23, 2022 16:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Интегритетот е еден од најефективните механизми за спречување на корупцијата и е од големо значење за вршењето на судиската функција, особено заради тоа што поведението на судијата мора да ја реафирмира вербата на  граѓаните во судството, рече во своето обраќање, министерот за правда Никола Тупанчески на регионалната конференција на високо ниво која се одржува во хрватскиот град Шибеник на тема „Култура на интегритет-зајакнување на антикорупциските мерки“.

Како што информираат од Министерството за правда, Тупанчески се осврна на значењето на културата на интегритет, проценка на ризиците од корупција, заштита на укажувачите и управувањето со квалитет како нови алатки и стандарди во борбата против корупцијата кои истовремено претставуваат надградба на постојните конвенционални форми и механизми во оваа област.

Присутните на конференцијата беа информирани и за активностите што ги презема Министерството за правда во делот на законодавната агенда, како и за имплементацијата на стратешките документи кои се од голема важност за спречување на корупцијата и воспоставување институционален интегритет кој овозможува да се елиминираат можностите за појава на различни форми на корупција и неетичко однесување во јавниот сектор.

Министерот Тупанчески присуствуваше на конференцијата на покана на министерот за правда и јавна администрација на Република Хрватска, Иван Маленица, на која  учествувале и министри за правда од регионот на Западен Балкан, како и претставници на регионални и меѓународни организации и здруженија кои се вклучени во борбата против корупцијата./МИА/

Next Post

Тројца повредени во сообраќајка кај превојот Буково

Shortcut

Најново

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk