ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Билатерални средби на Тупанчески во рамките на Регионалната конференција во Шибеник

May 24, 2022 12:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Никола Тупанчески оствари повеќе билатерални средби во рамките на Регионалната конференција  „Култура на интегритет-зајакнување на антикорупциските мерки” која се одржува во Шибеник, Република Хрватска.

Како што соопшти Министерството за правда, Тупанчески остварил средба со Валтер Кемп, директор на Канцеларијата на Глобална иницијатива во Виена, задолжен за Западен Балкан и со амбасадорот Угљеша Звекиќ, задолжен за развивање на проекти од обаста на антикорупцијата.

На средбата, како што е наведено во соопштението, било заклучено да се развие натамошниот дијалог меѓу владите на земјите од ЈИЕ и граѓанското општество, потенцирајќи ја притоа важноста од градење на културен дијалог кој е нераскинлив дел од културата на идентитет. 

Министерот Тупанчески се сретнал и со неговиот колега од БиХ,Јосип Грубеша. На средбата двајцата министри ја нагласиле досегашната соработка како значајна основа за проширување и подобрување на рамката на истата меѓу двете земји преку активности на размена на искуства и најдобри пракси во повеќе области од надлежност на министерствата, а особено во делот на подготовката на националните стратешки документи и обезбедувањето имплементација на активностите предвидени со реформските процеси со правосудствата на РСМ и БиХ.

-Регионалната конференција беше искористена и за одржување билатерална средба меѓу министерот за правда Никола Тупачески и шефот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива, Десислава Готскова. На средбата беше дискутирано за можностите за обезбедување на институционална поддршка на земјите кои се дел од РАИ, но и аспектите со кои е опфатена соработката, ангажманот и придонесот на РСМ во РАИ имајќи го предвид значењето од одржување и зајакнување на регионалниот пристап во реализација на мерките и активностите за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и афирмирање на интегритетот во правосудствата на земјите од Западен Балкан кои се членки на РАИ, се наведува во соопштението од Министерството за правда./МИА/

Next Post

СИРИЗА: Неприфатливи и за осуда изјавите на Ердоган

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk