ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Отворени „Денови на македонската култура“ во организација на Македонците во Белград

May 24, 2022 13:25
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на Здружението на Македонци „Македониум“ во Белград се одржува 11-та традиционалната културна манифестација „Денови на македонската култура „Допирот на Македонија“, која ќе трае од 23 мај до 31 мај, јави дописиникот на МИА од Белград.

Во рамки на манифестацијата предвидена е богата, повеќедневна програма, а љубителите на македонската култура и традиција во Белград ќе имаат можност да се запознаат и уживаат во различни културни содржини.

Манифестацијата, синоќа, во Педагошкиот музеј ја отвори в.д. амбасадорката во Белград, Михаела Веселинов, се концерт на дуото „Етно лирикс“ во состав Јелена Алексиќ -сопран и Магдица Манасиева-пијано, со репертоар сочинет од традиционални македонски песни споени во уникатен аранжман на класична музика, џез и фолклор, што е нов модерен пристап македонската народна уметност на композиторот Саша Ливрински, кој присуствуваше на концертот.

На 24 Мај во Конакот на кнегиња Љубица свечено ќе биде отворена изложба на слики „Македонска азбука“ на Сергеј Андреевски. Тоа е циклус кој содржи 31 слика за секоја буква на македонската азбука, посветена на великанот на македонски јазик Блаже Конески, а по повод одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање, со цел запознавање на јавноста со значењето на македонското кирилично писмо и јазикот.

Како што највија организаторите на манифестацијата, на 25 мај во Конакот на кнегиња Љубица ќе се одржи промоција на книгата „Невино време“ на Иван Иванов, а на 26 мај проекција на документарниот филм „Манаки-проекција во слики“ во режија на Роберт Јанкуловски.

На 27 во Педагошки музеј ќе се одржи промоција на книгата „Воз на животот“ на Соња Коневска Жугиќ, а утредента концерт ќе има оперската пејачка Биљана Камчева од Скопје.

Програмата се затвора на 31 мај, со гостување на театарот „Провокација“ од Скопје со популарната романтична комедија „Разведи ме“ во режиија на Роберт Ристов.

Целта на манифестацијата „Денови на македонската култура во Белград“ е негување на пријателските и нераскинливи врски на двете земји или како што посочија Македонците во Белград, целта е „таа да биде мост меѓу нашите две татковини, односно во онаа во која живеема да и дадеме културна содржината од онаа од која потекнуваме“./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Дарко Лешоски му довери песна на ChatGPT – Kаква верзија му направи чатботот?

July 17, 2025

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје бара лидерство: СДСМ со визија, ВМРО со калкулации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk