Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, денес на средбата со Архиепископ охридски и македонски Г.Г. Стефан, им ја честитав историската одлука МПЦ-ОА да биде прифатена како автокефална црква на Архиепископот лично, како и на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква- Охридска архиепископија, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во нашата земја, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.
„Да бидеме горди и да се радуваме затоа што на нашата генерација ѝ припадна честа и подвигот МПЦ-ОА, како наследничка на древната Охридска Архиепископија, да биде впишана како автокефална, еднаква со сите други, во диптихот на Вселенската Патријаршија во која се запишани сите канонски православни цркви во светот.
Нека ни остане засекогаш во паметење денот кога МПЦ-ОА ја стекна својата автокефалност“, се вели во објавата.