ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски – Војчеховски: Северна Македонија е лидер во регионот со 97% искористеност на средствата од ИПАРД програмата

May 26, 2022 08:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на работната посета во Брисел, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со директорот на Платежната агенција Никица Бачовски остварија средба со еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски и директорот на Директоратот за земјоделство и рурален развој Волфганг Буртшер во Европската комисија.

На состанокот се дискутираше за теми кои произлегуваат од тековните глобални политички, безбедносни и економски предизвици, со кои денес се соочува земјоделскиот сектор, а пред сѐ земјоделецот како најзасегнат субјект во геополитичките случувања. На работниот состанок беа презентирани иновативни решенија и политички мерки, кои имаат за цел да обезбедат одржливост и продуктивност на земјоделскиот сектор, поради стратешката улога во развојот на државите.

Од страна на еврокомесарот Војчеховски беше поздравена проактивноста на македонската Влада и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во поглед на донесувањето на закони важни за земјоделството и нивното усогласување со европските регулативи, дури и во време кога како држава се соочуваме со неконструктивна блокада на Собранието од страна на опозицијата. Законот за рурлен развој, Законот за советодавен систем во земјоделството, Законот за директни плаќања се движечка сила на развојот на земјоделството, а дополнително изработката на Закон за организирање на пазарот на земјоделски производи, Закон за квалитет на земјоделски производи, Закон за вино и Законот за органско земјоделско производство ќе нѐ доближат чекор поблиску до европските начини за организирање на земјоделскиот сектор, кои суштински бележат успеси и развој на оваа важна компонента.

Интервентниот план за земјоделството, кој го донесовме, а преку кој во време на криза обезбедуваме дополнителни средства за земјоделците со средства обезбедени од буџет на Владата, беше препознаен и оценет како позитивен пример, од страна на еврокомесарот Војчеховски, како единствен и уникатен начин на помош кој како концепт во моментов не е воведен кај земјите членки на унијата. Воведените програми за субвенционирање на ѓубрива кои во овие услови на криза ги туркаат лимитите на рационален трошок беа оценети како иновативна политичка мерка која, пред се, обезбедува одржливост и генерира продуктивност.

Развојната компонента која се содржи во програмите за поддршка на мали земјоделци, поддршка за развој на малите винарии како и производители на традиционални производи исто така наиде на поздравување поради фактот што ваков тип на политики се својствени за нашата држава, а истите отсуствуваат кај земјите од регионот и пошироко. На овој начин Република Северна Македонија, инвестира во малите земјоделци, а паралелно преку програмите на ИПАРД ја развива и преработувачко – конзервната индустрија при што се обезбедува заокружување на синџирот на производство и продажба на земјоделски производи и храна.

Република Северна Македонија е земја лидер во регионот по однос на искористувањето на средства преку ИПАРД програмата. Забележана е до сега историска искористеност од над 97% од расположливите средства, а нашиот позитивен пример започнува да се следи и од земји во регионот. Успешната реализација на ИПАРД програмата уште еднаш докажува дека сме целосно посветени на процесот на интеграција за членство во Европската Унија.

Министерот Николовски изрази голема благодарност за одличната соработка помеѓу тимовите од нашата земја и Европската комисија кои работат на олеснување и забрзување на целиот процес. Оваа соработка е многу важна за да обезбедиме благосостојба и просперитет на граѓаните на Република Северна Македонија преку понатамошен развој на земјоделството и производство на здрава храна.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk