Реј Лиота, ѕвездата на „Goodfellas“ и „Field of Dreams“, почина на 67-годишна возраст, пренесува Гардијан.
Според неговиот претставник кој ја потврди веста, актерот починал во сон во Доминиканската Република додека го снимал својот најнов филм Опасни води заедно со Сафран Бароус.
Лиота е роден во Њу Џерси и напуштен е во сиропиталиште пред да биде посвоен на шест месеци.
„Отпрвин не разбрав како родителот може да се откаже од дете“, рече тој за магазинот People.
По малите улоги на ТВ и улогата во „The lonely lady“ од 1983 година, Лиота доби номинација за Златен глобус за „Something Wild“ од 1986 година. Тој стана ѕвезда во „Field of dreams“ во 1989 година, пред да ја преземе улогата на Хенри Хил во „Goodfellas“ на Мартин Скорсезе.