Поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски на трибината организирана од страна на Советот на амбасадори на тема „Предизвиците на македонската надворешна политика“, даде силна поддршка за иницијативата „Отворен Балкан“, гледајќи излез од блокираната евроинтеграција во регионалната соработка.
„Суетите мора да бидат оставени настрана. Не е битно низ која или низ чија иницијатива ќе се остварува регионалната соработка, низ Берлинскиот процес, Отворен Балкан. Лично моите симпатии се насочени кон „Отворен Балкан“, рече Црвенковски аргументирајќи го тоа со фактот дека е изворна.