ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Тито му кажа „НЕ“ на Сталин, Македонија му кажува „НЕ“ на Путин!

May 30, 2022 09:45
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Американските тенкови „Шерман“ на првомајска парада во Љубљана, 1961 година.

Американските тенкови „Шерман“ на првомајска парада во Љубљана, 1961 година.

Share on FacebookShare on Twitter

Западот и помага на Југославија (и на Македонија) кога е најтешко. Не само за време на антифашистичката борба и по војната кога земјата се соочува со глад. Западот воено ѝ помага на Југославија (и на Македонија) кога Тито се соочува со реална закана од воена инвазија од страна на Сталин. Западот економски ја помага Југославија (и Македонија) и кога престанува опасноста од воена инвазија од СССР.

Заканата од советска инвазија на Југославија по резолуцијата на „Информбирото“

Експанзионистичката и империјалистичка политика на Путин и Русија денес во многу работи наликува на политиката на Сталин и СССР по Втората светска војна. Да потсетиме, под диктат на Сталин и Советскиот сојуз, Информбирото ја донесе својата фамозна Резолуција против Југославија во 1948-та година во Букурешт. И називот на резолуцијата беше дел од Сталиновата пропаганда против Тито: „Југословенската комунистичка партија во рацете на шпиони и убијци“. КПЈ беше осудена и изолирана поради одбивањето да биде послушна на диктатите на СССР, а Тито беше пропагандно оцрнуван како „нацист“, „шпион“, „убиец“ и платеник на Западот.

Осудата на Сталин доаѓа по чекорите кои Тито ги преземал без консултација со Москва, за создавање на „Балканска федерација“ заедно со Бугарија, Албанија и Грција.  Ваков силен Балкански сојуз, со кој се решаваше и македонското прашање, воопшто не му одговараше на Сталин, кој сакаше да ги држи балканските земји во состојба на потполна потчинетост.

По резолуцијата на Информбирото, следуваа бројни закани на Советскиот сојуз и неговите сојузници на Балканот за воена инвазија врз Југославија. На границите на Унгарија, Романија, Бугарија и Албанија беа позиционирани силни воени единици на Советскиот сојуз и неговите сателити. Пограничните инциденти и уфрлањето на диверзанти на територијата на Југославија чија цел беше да се испровоцира повод за вооружен конфликт на Источниот блок со земјата – станаа секојдневие.

Тито добива помош од Западот кога на Југославија ѝ е најтешко

Соочена со воена закана од Сталин и сериозни економски санкции од Источниот блок, Југославија на чело со Тито одговори со приближување кон Западот. Источниот блок ја отпиша Југославија, а Западот ѝ помогна кога ѝ беше најтешко.

Од САД и другите западни земји и претходно пристигнуваше голема помош во воена опрема, пари, храна и лекови. Поголем дел од испорачаната помош за партизаните била од западните земји, главно американска, доставувана со британски авиони. Да не заборавиме дека по „Десантот на Дрвар“, Тито и неговите команданти се пренесени прво со седум американски авиони, а потоа донесени на Вис со британски воен брод (HMS Blackmore).

Британскиот воен брод HMS Blackmore со кој Тито е донесен на Вис.

Веднаш по војната, над 70% проценти од помошта од ООН за исхрана и реконструкција на Југославија, доаѓаше од американски извори. Постарите генерации од поранешна Југославија сè уште ги паметат „Трумановите јајца“ – јајцата во прав со кои се надминуваше кризата со прехранбени производи по војната.

И по Резолуцијата на Информбирото, кога Југославија се соочуваше со глад, САД испратија итна помош во храна (600 илјади тони!), а подоцна ја вклучија Југославија и во помошта од Маршаловиот план. САД ја поддржаа Југославија да добие во 1949 и место во престижниот Совет за безбедност на ООН.

Благодарение на Западната помош, пред сѐ, од САД, Тито и Југославија успеаја да ја преживеат и надминат економската, политичка и воена криза наметната од страна на Сталин и СССР.

Кога Сталин му се закануваше на Тито, Југославија доби воени авиони од Западот

Во почетокот на 1950-тите, Титовата ЈНА доби значителна воена помош – неколку стотици британски и американски бомбардери и хеликоптери кои значително ја зголемија борбената готовност на југословенската авијација. Југословенските пилоти се обучуваа во Германија и во Колорадо. И во 1960-тите, југословенската авијација добива најсовремени американски авиони, а југословенските пилоти се обучувани на воените полигони во Тексас.

Американски воени авиони на ЈНА.

Покрај130-те моќни F-86D американски авиони, југословенската авијација добива уште многу западни авиони и хеликоптери, а ЈНА користи и американски воени камиони, хаубици, над илјада тенкови и оклопни возила (од кои 599 „Шерман“), и друго моќно наоружување, кое било стандардна опрема на НАТО.

Сета оваа воена помош од Западот, пред сѐ, од САД, ја оневозможуваат реалната закана од воена инвазија на Сталин. А дека заканата од воена инвазија била повеќе од реална, се виде подоцна, кога Црвената армија, за да спречи демократски процеси и оттргнување од своето влијание, влезе со тенкови во Унгарија во 1956-та година и во Чехословачка во 1968-та година.

„Кршко“ и „Фени“ се изградени со американска технологија и кредити

Покрај воена помош и технологија, Западот, пред сѐ, САД, ја помагаа Југославија и со развојна технологија.

Единствената нуклеарна електрана „Кршко“ е изградена со технологија на американски компании, со согласност на владата на САД.

И мега-проектот „Фени“ од Кавадарци е изграден со помош на инженерска компанија од САД, инвестиција поддржана од конзорциум на повеќе европско-американски банки.

Фабриката „Фени“ Кавадарци, која вработува околу 1000 работници.

Овие два економски гиганти се примери дека Западот го помагал економскиот развој на Југославија и кога престанале заканите за воена инвазија од страна на СССР.

Југославија му кажа НЕ на Сталин, Македонија му кажува НЕ на Путин

Сите овие примери сведочат дека Западот ја помагал и економски ја стабилизирал Југославија, особено кога била соочена со опасност од воена инвазија од страна на СССР.

Југославија и нејзиниот неколку децениски економски развој не може да се замисли без „Титовото НЕ“ на диктаторот Сталин и СССР, и без воената, политичка и економска помош од страна на Западот.

Како што Тито му кажа НЕ на диктаторот Сталин и на империјализмот на СССР во 1948, и Балканот и Македонија му кажуваат „не“ на диктаторот Путин и на империјалистичка Русија, која е генератор на дестабилизација на Источна Европа, Балканот и на Македонија.

Д. Е. Фронтлајн

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Ердоган: Одлуката на Курдската работничка партија да го положи оружјето отвора нова страница во историјата

July 12, 2025
Фото: МИА

Премиерот Мицкоски на промоција на реконструираниот музејски комплекс во Заливот на коските на брегот на Охридското Езеро

July 12, 2025

Американското Министерство за правда отпушти уште девет вработени кои воделе истраги за Трамп

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk