ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Тргна камионот со помош за Украина, Црвен крст ќе обезбеди летување во Струга за децата од Украина

May 30, 2022 13:31
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Камион со помош наменета за населението во Украина во организација на Центарот за логистика на Црвен крст/ Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Камион со помош наменета за населението во Украина во организација на Центарот за логистика на Црвен крст/ Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Во организација на центарот за логистика на Црвениот крст денеска тргнува камион со помош наменета за населението во Украина и се очекува утре или најдоцна задутре да биде предадена на украинскиот Црвен крст и распределена на луѓето на кои им е најпотребна.

Помошта се состои од 1.200 пакети со храна и 400 пакети со хигиенски производи.

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити изјави дека и порано биле подготвени да ја пратат помошта, но имале проблем со транспортот.

Ова е втора пратка хуманитарна помош за граѓаните во Украина. Пред неколку дена беше пратена помала количина помош во збирна пратка, а ова е една комплетна пратка. Претходно беа пратени 400 пакети со хигиена, значи вкупната помош која досега ја праќаме во Украина е 1.200 пакети храна и 800 пакети со хигиена. Вредноста на хуманитарната помош е околу 3.290.000 денари. Имавме мали потешкотии околу транспортот зашто многу од шпедитерите тоа не го прават, но сега конечно тоа се реши и се надеваме дека многу брзо, во наредните ден-два, помошта ќе стигне каде што треба и дека ќе имаме мал придонес во обидот за справување со последиците од конфликтот во Украина, изјави Саити.

Саит Саити и Роман Буга, Центар за логистика на Црвен крст / Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Тој истакна дека помошта е обезбедена од граѓани, институции и од резервите на Црвениот крст на Република Северна Македонија и дека и натаму ќе се мобилизираат за помош и планираат уште една ваква пратка. Црвениот крст ги очекува и средствата кои за помош на Украина ги одобрија градските власти.

Ги очекуваме и нив и по добивање на тие средства кои се најавени, очекуваме да пратиме уште две вакви пратки за Украина, изјави Саити.

Во име на Амбасадата на Украина во земјава, за помошта се заблагодари и заменик-амбасадорот Роман Буга, кој рече дека помошта е наменета за семејства погодени од војната кои се внатрешно раселени во Украина, луѓе кои се наоѓаат во опасни зони.

Тоа се пакети кои може веднаш да се користат и се помош и поддршка за овие семејства. Сета наша досегашната соработка беше многу корисна, имаше делумни пратки кои беа ставени во збирните пратки пратени од Амбасадата на Украина и од Здружението на Украинци во Северна Македонија. Сега го имаме овој цел камион. Се заблагодарувам на Црвениот крст и на целиот народ  на Република Северна Македонија за изразената поддршка и помош за украинскиот народ кој во овие тешки времиња страда во војна, рече Буга.

Црвениот крст исто така се грижи и за граѓани од Украина кои престојуваат во нашата земја. Саити соопшти дека досега се регистрирани 307 украински граѓани и дека претежно Црвениот крст се грижи за нивните основни потреби – облека, здравствени услуги и изучување јазик. Тој посочи дека засега може со свој потенцијал да се грижат за бегалците од Украина во земјава, а ако се зголеми бројот државата има механизми за организација.

Камион со помош наменета за населението во Украина/ Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Ние имаме обезбедено за наредните месеци внатрешни фондови на Црвениот крст од извори на финансирање од Меѓународниот црвен крст. Грижата за нив ќе биде комплетна до крајот на летото со тие средства што ги имаме обезбедено, доколку остане овој број. Воведуваме курсеви по македонски јазик за заинтересирани граѓани од Украина кои престојуваат тука. Досега се пријавени 37 заинтересирани граѓани од кои 20 се деца и 17 возрасни. Тоа ќе почне од утре. За време на летниот одмор планираме и смена за одмор за децата од Украина во нашето одморалиште во Струга, изјави Саити.

М. Ацковска

Next Post

Зеленски: Русија веќе ја загуби сопствената иднина и културните врски со слободниот свет

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk