Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, објави видео од украинските пилоти на хеликоптери кои доставуваат помош до војската во челичарницата Азовстал во Мариупол.
„Ова е навистина неверојатна мисија Азовстал на нашите украински пилоти на хеликоптери! Сите сме должни на гарнизонот Мариупол и на вооружените сили на Украина!“, истакна Андриушченко.
Како што е соопштено, главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина организирала летови на 16 хеликоптери Ми-8 со залихи и персонал за поддршка на украинските бранители во челичарницата Азовстал во Мариупол.
Ј. Ѓ.