ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН го реконструираше основното училиште „Дитурија“ во Липково

June 1, 2022 18:45
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА

Министерството за образование и наука продолжува етапно да ги заокружува инвестициите во образовната инфраструктура кои се предвидени за оваа календарска година, а кои значат унапредување на условите за едукација на младите и на условите за работа на наставниот и стручниот кадар. Ова е компонента на образовниот систем на чија модернизација ќе бидеме фокусирани и во следниот период, затоа што условите во училиштата во голема мера влијаат на мотивацијата за постигнување подобри резултати.

Ова го изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири за време на денешната посета на општина Липково, а по повод реконструкцијата на основното училиште „Дитурија“ која ја реализираше Министерството за образование и наука.

„Денеска ја заокруживме инвестицијата која започна некаде кон крајот на минатата година, а чини околу 10 милиони денари со кои се реконструираше фасадата, внатрешниот простор и санитарните јазли во училиштето. Се вградија квалитетни материјали на сите позиции и задоволен сум од реализираното и од тоа што 430 дечиња добиваат подобри услови за учење“, рече министерот Шаќири.

Честитајќи им на жителите на општината, тој изрази уверување дека ова нема да биде последна инвестиција во Липково, затоа што Владата  и МОН постојано и подеднакво инвестираат во сите региони и општини во државата.

„Досега е направено многу во оваа општина и со тоа процесот на нејзина модернизација значително се забрза. Жителите добија поквалитетни услови за живот и за секојдневно функционирање и тоа ќе биде така и во иднина. Особено ќе се фокусираме на младите, а тоа меѓудругото значи и грижа за нивно образование преку подобри училишта и поквалитетни наставни програми и учебници“, потенцираше Шаќири.

 

Next Post

Енергетската независност, безбедност и диверзификацијата на изворите на енергенси, тема на средбата Бектеши – Лајт

НАЈНОВО

Скопје, Тетово и Куманово први ќе го искусат проектот „Безбеден град“

August 28, 2025

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk