ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

На француски навивач ќе му се суди за расистички твит против Мбапе

June 1, 2022 10:19
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

На симпатизерот на репрезентацијата на Франција, кој твитна расистички коментари на сметка на Килијан Мбапе по неговиот промашен пенал против Швајцарија за време на француската елиминација на последното Европско првенство, ќе му се суди во Кривичниот суд во Париз, јави дописникот на МИА.

Овој навивач, објави расистичка порака на социјалната мрежа Твитер: „Килијан Мбапе овој валкан црнец заслужува да добие сто удари со камшик и да биде продаден во Либија, овој црнец не ја заслужува Француската Република, да се упати кон Камерун или полињата со памук…“ напиша навивачот по елиминацијата на Франција во осминафиналето на ЕП.

Неколку антирасистички организации и здруженија како СОС Расизам и Спортитуд Франс, потоа алармираа вечерта на натпреварот за многуте навредливи, расистички и пораки со омраза кои се прелеваа на социјалната мрежа против одредени играчи на „триколорите“.

Овие две здруженија поднесоа граѓански тужби.

– Соочени со чувството на неказнивост што зафаќа голем број корисници на Твитер, очекуваме соодветна санкција. Расистичката омраза, на социјалните мрежи како и на други места, не смее да остане неказнета. Се надеваме дека ова судење ќе го отвори патот за судството да продолжи да ги идентификува оние кои веруваат дека анонимноста на Твитер ги штити од какви било кривични санкции, се вели во соопштението на здружението СОС Расизам.

Во моментов на „Клерфонтен“ со „триколорите“, фудбалерот на ПСЖ се подготвува да ги одигра првите четири натпревари од новото издание на Лигата на нации, чиј воведен меч ќе се одигра во петок против Данска, на „Стад де Франс“.

Next Post

Битиќи-Лорковски: Северна Македонија е усогласена со европскиот план за диверзификација и праведна транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 12 мај 2026: Експлозивен нов почеток и силна акција

May 11, 2026

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk