ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратениците расправаа за предлог-закон за задолжување кај Светска банка за финансирање поврзување на локални патишта

June 1, 2022 18:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска работеше по продолженијата на две седници, 54-та и 39-та. Во рамки на 54-тата седница, заврши расправата за Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици, кој ќе се склучи меѓу ЕБОР и АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, информира МИА.

По овој предлог-закон пратениците дополнително ќе се произнесат.

По паузата, Собранието продолжи со работа по продолжението од 39-тата седница, по 18 точка, Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, по скратена постапка.

Пратениците од владејачкото мнозинство потенцираа дека овој предлог-закон е повеќе од една година во собраниска процедура, но опозицијата го блокирала неговото носење пред ланските локални избори. Со промена на локалната власт, се смени и ставот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, што, како што рекоа пратениците од власта, го покажува лицемерието на опозицијата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека со претходната гарнитура во општинската власт „се плашеле дали заемот ќе отиде за она за што е наменет“ и оти сега се сигурни дека „парите ќе се искористат за поврзување на локални патишта“.

Пратеничката од СДСМ Даниела Николова рече дека законот е влезен во собраниска процедура во март-април 2021 година, во време кога ВМРО-ДПМНЕ ја немаше локалната власт и во такви услови кога станува збор за заеми, реториката на ВМРО-ДПМНЕ е дека ова задолжување е непотребно и неоправдано.

– Единствениот мотив за блокирање на овој закон и за уште некои закони кои сега се блокирани, а носат реален бенефит за граѓаните, е да се запрат и маргинализираат успешните политики на оваа власт, истакна Николова, наведувајќи дека се блокирани законот за наставниците и стручните соработници во основното и средното образование, законот за армијата за законот за клинички центар.

Николова ги повика пратениците да го поддржат овој закон за заем од СБ за обезбедување за изградба на локални патишта во населените места.

– Овие средства нема да се користат за вазни од 180 илјади евра, за влезни врати во Белата палата, туку за градежни активности, за рехабилитација, реконструкција и надградба на 450 километри локални патишта во 80 општини и градот Скопје, рече Николова.

Во реплика до Николова, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов рече дека власта се фали дека направила илјадници километри автопатишта, но во суштина сликата на терен воопшто не е розова.

– Немате изградено ниту еден километар автопат, магистралните патишта ви се во застој, а локалните патишта ви се катастрофални. Тоа е состојбата со патната мрежа во државата. Во такви услови, вие, како СДСМ, да зборувате за патишта, е дегутантно, рече Трајанов.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски ја прекина седницата и рече дека за нејзиното продолжение пратениците ќе бидат дополнително известени.

Next Post

МОН го реконструираше основното училиште „Дитурија“ во Липково

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk