Руските напаѓачи однеле 267 сирачиња од Мариупол и Волноваха во Ростовската област, Русија, пренесува Ukrayinska Pravda.
Децата се чуваат во спортско-рекреативниот комплекс Ромашка, кој се наоѓа во селото Золотаја Коса во областа Неклиновски (во близина на Таганрог), изјави Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол.
Според Андриушченко, Русите депортирале вкупно 540 деца без родители од Доњецката област.
Претходно Путин потпиша Указ за поедноставено издавање руски државјанства за жителите на областите Запорожје и Херсон, што ќе го олесни присилното издавање пасоши за нив.
Putin has signed a degree on simplified issuance of Russian passports to residents of Zaporizhia and Kherson oblasts, which will facilitate forced issuance of passports for them. pic.twitter.com/HFRzU4tqp5
— Stratcom Centre UA (@StratcomCentre) May 25, 2022
Превезените деца се подготвуваат да ги направат државјани на Руската Федерација по поедноставена процедура која неодамна беше потпишана од рускиот диктатор Владимир Путин, изјави Андриушченко.
Сите деца без родители од Мариупол ќе продолжат да се носат во кампот Ромашка во Ростовската област”, кој иницираше „поедноставување“ на процедурата за доделување државјанство на деца без родители во Украина“, рече Андриушченко.
Претходно окупаторите почнаа да бараат и собираат деца кои останале сирачиња или ги загубиле родителите, по што биле однесени на непозната дестинација.
Од канцеларијата на претседателот на Украина соопштија дека од почетокот на војната, повеќе од 232.000 деца биле однесени од Украина во Руската Федерација, иако е невозможно да се каже колкав е точниот број на борбената и привремената окупација.
Од Министерството за надворешни работи на Украина известија дека руските окупаторски сили на 19 март илегално пренеле на територијата на Руската Федерација 2.389 деца кои се наоѓале во привремено окупираните области на Доњецката и Луганската област.
Исто така Украинското министерство за надворешни работи претходно предупреди дека украинските деца кои се депортирани во руски семејства се соочуваат со закана од „незаконско посвојување“.
МНР на Украина лиферуваше соопштение во кое пишува дека „руските окупатори“ продолжуваат да „ги кршат нормите на меѓународното право и прибегнуваат кон неприфатливи дејства“, вклучително и принудување на раселување на украинските граѓани, како што се децата, пренесува The Hill.
Министерството повика голем број власти, вклучително и Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на ОН и Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, „да се креираат итни мерки за враќање на украинските деца на територијата на нашата држава .“
Oд почетокот на руската инвазија на Украина, до 31 мај, загинати се 243 деца, а повеќе од 446 деца се повредени. Не постои можност за увид во областите што се гранатираат за да се утврдат вистинските податоци за загинати и повредени дец, информираат украинските власти.
М. А.