ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Нуредини: Зелен развој и здрава животна средина се можни само со заедничко и координирано делување

June 3, 2022 17:07
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на глобалниот состанок за животна средина, „Стокхолм +50“,  министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини имаше свое обраќање на третиот лидерскиот дијалог насловен: ,,Забрзување на имплементацијата на еколошката димензија на одржливиот развој”.

Потенцирајќи ги амбициозните национални климатски цели што веќе се вградени во низа стратешки, плански и правни документи, министерот Нуредини ја потврди посветеноста на државата за постигнување декарбонизиран раст и заштита и промоција на животната средина и природата.

При тоа, министерот Нуредини посочи дека Национална стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, Ревидираните национални придонеси кон Договорот од Париз (eNDC) што го одразуваат „зеленото сценарио“ од енергетската стратегија и препорачаните 63-те мерки за негова имплементација ќе овозможат севкупна модернизација, трансформација на енергетскиот сектор и економски развој и остварување на поставените цели за намалување на стакленички гасови за 51% или нето 82% до 2030 година во споредба со 1990 година.

Патоказот за имплементација на нашиот eNDC се усогласува со целите и задачите на горенаведените национални политики и планови што се сеопфатни и се фокусираат претежно на одржлив развој, зелен раст, намалување на сиромаштијата и пристап до современи услуги. Посветени сме на деактивирање на нашите електрани на јаглен и инвестираме во обновливи извори на енергија, соларна, ветерна и хидро енергија- рече Нуредини, порачувајќи дека  времето за делување не е сега, туку беше вчера.

Укажувајќи дека Северна Македонија постигна виден напредок во заштита на природните вредност и процентот на заштитени подрачја во однос на целата територија се зголеми од 8.9% на 13.9%, Нуредини кажа дека и во заштитата на природата мора  да одиме чекор понапред и да применуваме решенија засновани на природата како би се прилагодиле на промените што веќе се случија.

Нуредини порача дека мора заеднички и регионално да делуваме за доброто на сите, при што секој треба да го одработи својот дел. Поголемите индустријализирани држави мора да да ги поддржат државите што се обидуваат да ги остварат амбициозните еколошки и климатски цели бидејќи само заедно можеме да постигнеме безбедна животна средина за идните генерации.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk