Премиерот Димитар Ковачевски на панелот посветен на иднината на Западен Балкан на безбедносната конференција ГлобСек 2022 во Братислава истакна дека војната во Украина и нападот на Русија покажа јасна обединетост меѓу ЕУ и државите кои споделуваат исти вредности и кои имаат целосна демократијата и кои, заедно со САД и со усогласувањето со политиките на НАТО, ја избраа вистинската страна, пренесуваат од владината прес-служба.
„Во случајот на мојата држава, иако не сме членки на ЕУ, целосно ја усогласивме нашата надворешна политика со политиката на Брисел затоа што тоа е вистинската страна на историјата во борбата со автократијата“, потенцираше Ковачевски.
Историски избор за Северна Македонија, нагласи премиерот Ковачевски, е и определбата САД да биде наш стратешки партнер со кој од вчера го започнавме процесот за Стратешки дијалог со што нашите односи се унапредени на ново, значајно ниво и тоа е така 30 години во текот на нашата независност, рече на панелот на ГлобСек 2022 премиерот Ковачевски.