Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко на Телеграм објави дека утрово во градот се случиле неколку експлозии.
Имаше неколку експлозии во квартовите Дарницки и Днипровски во Кијив. Службите се веќе на самото место. Подоцна подетални информации, напиша Кличко.
Според очевидци се издига чад од квартовите каде се случија експлозиите.
Сирените за воздушен напад не се огласија во поголем дел на Украина, вклучително и регионот на Кијив.