ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: ЕСМ нема да дозволи големо покачување на цената на струјата за домаќинствата

June 5, 2022 10:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски соопшти дека се прават пресметките за цената на електричната енергија што компанијата ќе ја продава на ЕВН Хоум од 1 јули до 31 декември годинава. Се анализираат и можностите за намалување на трошоците на компанијата за дополнителни 15 проценти и за зголемување на производството за дополнителни 20 проценти.

-Ние ќе успееме да постигнеме значително пониски цени за да можеме на крајот да овозможиме ЕВН Хоум кај регулаторот да побара, односно да добие цена која ќе значи благо покачување на цената за граѓаните. Ние како компанија повторно, уште еднаш ќе покажеме општествена одговорност за граѓаните да не почувствуваат значително покачување на цената на електричната енергија, истакна генералниот директор на АД ЕСМ, одговарајќи на новинарско прашање по еко акција во АД ЕСМ.

Според него, управните тела на АД ЕСМ деновиве интензивно комуницираат со сите производствени капацитети на компанијата и се консултираат со Владата пред да биде испратена понудата за цената на струјата до ЕВН Хоум. Се вложуваат максимални напори да се обезбедат дополнителни количества струја и покрај некоректниот и неморалниот чин на дел од општините и малите компании да преминат на регулираниот пазар на електрична енергија кој е наменет за домаќинствата, односно граѓаните.

-Ве уверувам дека АД ЕСМ ќе биде подготвена во второто полугодие на годината да ги произведе потребните количини на електрична енергија не само за ЕВН Хоум, туку и за ЕВН Електродистрибуција, за МЕПСО, па и за дел од институциите во државата кои во овој период силно го трпат ударот на високите
цени на отворениот пазар за да може да го ублажиме ударот кај некои од инистерствата, особено Министреството за труд и социјална политика во чии ингеренции се градинките или МОН за училиштата, изјави Ковачевски.

Next Post

Генчовска: Очекувам судството во Северна Македонија да си ја заврши работата

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 14 април 2026

April 14, 2026

(ВИДЕО) Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

April 13, 2026

Орбановиот пораз како опомена за Македонија  

April 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Фронтлајн на Фејсбук

    ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орбановиот пораз како опомена за Македонија  

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk