Поморската група на Црноморската флота на Руската Федерација потисната на повеќе од 100 километри од украинскиот брег.
„Како резултат на нашите активни акции за удар на непријателските поморски сили, групата воени бродови на Црноморската флота на Руската Федерација беше потисната на оддалеченост од повеќе од 100 километри од украинскиот брег. Обидувајќи се да ја врати контролата врз северозападниот дел на Црното Море, непријателот беше принуден да ја смени тактиката: распореди крајбрежни ракетни системи Бал и Бастион во Крим и регионот Херсон, прераспоредува дополнителни сили на островот Змиини“, објави прес-службата на командата на морнарицата на вооружените сили на Украина, пренесува Укринформ.
Како што е наведено, групата од околу 30 бродови и подморници на Руската Федерација продолжува да ја блокира цивилната пловидба.
Ситуацијата во северозападниот дел на Црното Море и понатаму е тешка.
„Ја лишивме руската Црноморска флота од целосна контрола над северозападниот дел на Црното Море, кој стана „сива зона“. Во исто време, непријателот се обидува да ја врати контролата врз северозападниот дел на Црното Море со употреба на крајбрежни ракетни системи и воздушно лансирани крстосувачки ракети“, информираат од украинската морнарица.
Mорнарицата на вооружените сили на Украина и раководството на државата преземаат мерки за деблокирање на поморските пристаништа на Украина и организирање снабдување со украински производи за земјите на кои им е потребно, се наведува во објавата.