ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Телата на убиените украински војници во Азовстал вратени во Киjив

June 7, 2022 09:16
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Руски војници ги вратија во Украина телата на десетици украински војници кои загинаа во челичарницата Азовстал.

Според некои светски агенции, телата, наводно, биле префрлени во главниот град Кијив, каде што се врши ДНК анализа за да се утврдат идентитетите на убиените, соопшти полкот Азов, една од единиците на Украина која ја држеше фабриката за челик речиси три месеци пред да се предаде во мај.

Украина во саботата ја објави првата официјално потврдена размена на загинати војници од почетокот на војната.

Беше кажано дека двете страни размениле вкупно 320 тела, а размената се случила во четвртокот на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Ана Холовко, портпаролка на полкот Азов, изјави дека сите 160 украински тела што ги предале Русите се од урнатините на Азовстал.

Таа рече дека најмалку 52 од тие тела се сметаат за останки на војниците на Азовскиот полк, а Максим Зорин, поранешен командант на полкот кој сега е на чело на воената единица со седиште во Киев, потврди дека меѓу разменетите има и тела од фабриката за челик.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека може да има повеќе од 2.500 затвореници од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, кои сега се притворени во регионите Доњецк и Луганск во источна Украина.

Зеленски рече и дека плановите на Русија во однос на третманот на овие затвореници постојано се менуваат.

Во исто време, руските сили продолжија да се борат за контрола на Северодоњецк, град во источна Украина кој е клучен за целта на Москва да заврши со заземање на индустрискиот регион Донбас.

Зеленски изјави дека украинските сили ги држат своите позиции во градот, додека на улиците се водат жестоки битки и Русија се обидува да распореди повеќе сили во оваа област.

– Ова е 103-ти ден, а украинскиот Донбас стои. Цврсто стои, рече украинскиот претседател во своето ноќно обраќање до нацијата.

Зеленски рече дека руските сили планираат да го заземат градот Запорожје во југоисточниот дел на земјата, каде што живеат повеќе од 700.000 луѓе, што може сериозно да ја ослабне позицијата на Украина и да и овозможи на руската армија да напредува поблиску до централниот дел на земјата./МИА/.

Next Post

Баерн ќе ја зголеми понудата на Ливерпул за Мане на 35 милиони евра

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk