ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Секој треба да зборува за тоа што се случува во Украина, за да не се намали вниманието на нашата борба за слобода

June 7, 2022 11:04
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Секој и секоја треба да зборуваат за тоа што се случува во Украина за да не се намали вниманието на нашата борба за слобода – рече во своето обраќање, Претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

 Украинци! Украинки!

Ви посакувам здравје!

Денес беше напорен ден. Ден на важни разговори, важни средби.

На новинарите им го честитав професионалниот празник. За време на војна зборот „празник“ звучи многу неприродно, но на денешен ден секоја година, 6 јуни, се слушаат честитки за луѓето од кои, секако, зависиме сите. Од информациите што ги пренесуваат. Од брзината со која работат.

Се разбира, оваа година не славиме. Но сепак им честитаме. Сепак го забележуваме придонесот на новинарите и новинарките од Украина и на сите оние од кои зависи работата на медиумите: сниматели, инженери, уредници, фотографи, продуценти и сите без кои е невозможно емитувањето и сајтовите нема да работат. Тоа се луѓето кои го чуваат информативниот фронт и на кои сум им благодарен за ова во име на сите нас, сите Украинци.

Денес ги наградив дописниците и медиумите кои сега работат на војната сега. Им доделив награди и на роднините на оние чии животи беа одземени од војната.

Од 24 февруари досега загинаа 32 медиумски работници. Оваа листа вклучува различни биографии, различни лични приказни. И не само на граѓани на Украина. Денес на пригодна церемонија во Кабинетот на Претседателот се сетивме на секој, се сетивме на секоја од нив. Им оддадовме почит со едноминутно молчење.

Денес разговарав со Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон. Го информирав за ситуацијата на бојното поле, за нашите можности и клучните моментални опасности, особено во Донбас и во јужните региони на Украина. Благодарен сум му на Премиерот Борис Џонсон за целосното разбирање на нашите потреби и за неговата подготвеност да ѝ обезбеди на Украина оружје што ни е толку потребно за да ги заштитиме животите на нашиот народ.

Разговарав и со полскиот Претседател Анджеј Дуда. Се разбира, за одбранбената поддршка на Украина. Ова е задолжителна тема за сите мои преговори. И јас сум им благодарен на нашите партнери кои дејствуваат брзо и не ги одложуваат своите одлуки. Благодарен сум ѝ на Полска.

Со Анджеј разговаравме и за прашањето за кандидатскиот статус за Украина, што е клучно политичко прашање во моментов. Во наредните недели ја чекаме одлуката на Европската унија во врска со нашето барање за кандидатски статус. Сметам дека тоа ќе биде одлука не само за Украина, туку и за целиот европски проект. За тоа дали има иднина како навистина силно здружение.

Се подготвувам за нов бран обраќања и комуникација со политичките и експертските заедници во светот за да ѝ ја гарантираме на нашата држава поддршката што ни е толку потребна. Ова е постојан процес – зачувување на вниманието и не може да се запре ниту за момент.

И тоа важи за сите, навистина. Секој современ човек добро знае како функционираат медиумите. Многу е тешко да се внимава на една тема долго време. За да не се намали вниманието на Украина, на нашата борба за слобода, секој и секоја мора да продолжат да зборуваат за тоа што се случува. Ве молиме споделувајте информации. Поддржете ги нашите потреби.

Се разбира, тоа пред се се однесува на новинарите. И денес, патем, сакам да им посакам да не се затвораат во нашиот внатрешен украински контекст. Колку повеќе ќе се зборува за Украина во светот, толку побрзо ќе можеме да ја завршиме војната и да ја ослободиме нашата земја.

Се разбира, ова се однесува и на сите претставници на државната и украинската политика. Работете за нашата одбрана – во единство и со полна сила.

Но, не заборавајте дека бизнисот, културата и обичните луѓе можат да направат многу за да ја задржат Украина на врвот на глобалното внимание.

Едноставен пример – денес ми беа поклонети поштенски марки издадени во Шпанија за поддршка на Украина. Се чини што  може да промени поштенската марка? Но, тоа е симбол на вниманието на нашата борба што милиони луѓе ќе го видат.

Креирање такви симболи, охрабрување на создавање такви симболи, зборување за Украина и охрабрување разговори за Украина – тоа е она што ќе ни помогне во преговорите со претставниците на државите за специфична важна помош што ѝ е толку потребна на Украина денес.

Нашите херои не ги предаваат своите позиции во Северодонецк. Во градот продолжуваат жестоките улични борби. Лисичанск, Славјанск, Бахмут, Свјатогорск, Авдијивка, Курахове и други области на руски удари се најжешките точки на конфронтација денес.

Руската армија се обидува да распореди дополнителни сили во правец на Донбас, но веќе е 103-тиот ден – а украинскиот Донбас стои. Цврсто стои. Правиме се за одбрана и во насока на Запорижја, и во Миколајив. Благодарен сум на секој и на секоја што го издржуваат силниот притисок на окупаторите и ја бранат нашата држава.

На 17.864 учесници во воени дејствија им беа доделени државни награди на Украина од 24 февруари. Оваа бројка 100% го покажува обемот на херојството на нашиот народ како одговор на инвазијата од големи размери на Русија. Денес потпишав нов указ за наградување на нашите војници. Наградени се 121 воин, од кои 32 постхумно.

Вечен спомен на сите што ги дадоа животите за Украина!

Вечна слава на сите наши херои!

Слава на Украина!

Next Post
Неформална група граѓани „Руси, Украинци, Белоруси и Срби заедно против војната“ против доаѓањето на Сергеј Лавров во Србија. ФОТО: АНАДОЛИЈА

Протест во Белград за Сергеј Лавров: „Благодариме соседи, ја спасивте Србија од срам“, „Во Хаг, а не во Белград“

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk